Најискрените желби до Дедо Мраз
Норвешката пошта секоја година за Божиќ добива повеќе од 30.000 писма наменети за Дедо Мраз. Децата навистина звучат преслатко кога...
...му се обраќаат на овој непознат Дедо кој ги исполнува желбите.
Ова се некои од најинтересните:
1. Сакам колбаси за вечера, секој ден, цела година.
2. Сакам да имам 12 години до крајот на животот, ако е тоа возможно.
3. Сакам да се отвори ИКЕА кај нас и да ме вработат кога ќе пораснам.
4. Сакам кутре. Ама не знам какво. Сакам да е послушно, но не преголемо. Можеш ли да ми кажеш кое е совршено куче?
5. Можеш ли да ме направиш поубава од другарка ми Сабрина? Тоа е мојата единствена и најголема желба!
6. Знам дека не бев добар оваа година, но ветувам дека ќе бидам следната. Па, можеш ли да ми дадеш нешто однапред?
7. Ако мама и тато веќе ти пратија писмо во кое велат дека не сум бил добар оваа година, тоа е вистина. Но, сети се дека многу се променив пред две недели.
8. Како дефинираш кој е добар а кој не? Дали е дозволено да се подригнува?
9. Зошто Ричард доби Плеј Стејшн 2, а јас не? Мислиш дека тоа е фер?
10. Многу фала за минатогодишните подароци. Оваа година сакам дупло повеќе.
11. Може ли Баба Мраз да дојде место тебе? Од тебе ми е многу страв!
12. Мама вели дека нема да дојдеш ако пцујам. Дали си алергичен на пцовки?
13. Кога ти ќе завршиш, можам ли јас да станам нов Дедо Мраз?
14. А, ти што правиш кога има војна? Не можеш да леташ низ светот!