6 искрени детски одговори кои ќе ве насмеат (и заслужуваат медал за досетливост)

Понекогаш децата кажуваат работи кои им се само ним логични. И тоа го прават толку едноставно и искрено, што не можете да им се налутите, дури и кога ќе ве засрамат пред некого.

6-iskreni-detski-odgovori-koi-kje-ve-nasmeat-i-zasluzhuvaat-medal-za-dosetlivost-01.jpg

Многу родители преку интернет често ги споделуваат своите искуства и приказните кои ги слушнале од своите деца, а поради кои останале без зборови.

Некои се смешни, други ќе ве натераат да се замислите...

Прочитајте ги овие искрени одговори и коментари, кои се толку забавни, што заслужуваат медал:

Додека бевме лани на летување, уживавме на плажа и во еден момент ќерка ми (4) ми кажа дека ѝ се оди во тоалет. Во близина имаше јавен тоалет. Беше чист, мирисаше убаво, имаше многу цвеќиња околу него.

Немаше ни луѓе, освен една женичка која наплатуваше за користење на тоалетот. Таа седеше малку на страна и плетеше.

Кога си одевме, ќерка ми ѝ рече: „Тебе ти е баш убаво тука, си живееш толку блиску до морето“. Не знаев како да реагирам.

Ќерка ми Сара има 6 години, а имаме и помал син. Со сопругот случајно паднавме на муабет за бебиња и во еден момент ја прашав: „Сара, сакаш да ти родам братче или сестриче?

А таа ме погледна строго, па ми вели: „Мамо, мислам дека ви е стварно доста од бебиња.“

Веќе некое време работам во градинка во која уште од моето доаѓање недостасуваа вработени. На работа сум од 6.30 во 18:30 понекогаш. Ги пречекувам децата, го минувам денот со нив, а кога ќе го испратам и последното, знам да останам уште малку за да поработам нешто во градината.

Неодамна, кога си одеше последното дете, ме праша што ќе правам откако ќе го земат родителите.

Ќе си одам дома“, му одговорив, а тој зачудено ме погледна.

Имаш куќа? Јас мислев дека ти си живееш тука цело време“.

По ова сфатив дека е време да се вработам во некоја друга градинка, каде што нема да бидам по цели денови на работа.

6-iskreni-detski-odgovori-koi-kje-ve-nasmeat-i-zasluzhuvaat-medal-za-dosetlivost-02_copy.jpg

Мојот 6-годишен син го остави без зборови Дедо Мраз кога дојде да земе пакетче кај мене на работа.

Дедо Мраз го праша што сака да му подари, но наместо нормален подарок почна да реди желби од типот: „Сакам да плукам оган како змеј, да ја контролирам водата, да станам диносаурус... А може ли да се претворам во волк? Или да ми донесеш вистински волк наместо кучето што го чуваме дома?

Многу се разочара кога Дедо Мраз му кажа дека не може да добие ништо од ова.

На син ми цел живот му кажувам дека јас сум принцеза, татко му е принц, а тој е нашето богатство.

Еден ден излегов од бањата и на лицето имав зелена маска од глина.

Кога ме виде почна да вика: „Татооооо, дојди да ја бациш мама, од принцеза почнала да се претвора во жаба“.

Понекогаш им измислувам песнички на децата за да ги забавувам и да не ги пееме цело време истите песни.

Па, пред некој ден им запеав: „Ква ква ква, јас сум кокошка“.

Син ми ме погледна и ми вели: „Да, мамо, знам“. Уште се смеам.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Фотографии што ќе ве потсетат на безгрижните лета од детството Си игравме надвор додека не зајде сонцето и велосипедот ни беше омиленото превоз...
Креативни начини како да ги искористите детските базени кои повеќе не ви се потребни Искористете ги старите детски базени и направете креветчиња за уживање, безбедно...
Низ илустрации: Како да одговорите на непристојни прашања, за никогаш веќе да не ви ги постават? Како да одговорите на прашањето зошто немате деца, зошто сте сингл, дали некогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg