8 новогодишни подароци кои треба да ги избегнувате ако сакате да подарите нешто уникатно
Чорапи и долна облека, чоколадни Дедо Мразовци, шолји за кафе... Што не треба да им подарите на саканите за празниците?
Еден од најубавите моменти во празничната сезона е разменувањето подароци со саканите.
Што да им купите, а тоа да не е здодевно, застарено и веќе видено?
Кои подароци треба да ги избегнувате?
Новогодишни украси или лампиони
Пред празниците може да ве понесе атмосферата, новогодишната еуфорија и продавниците преполни со шарени дребулии, па да посакате да им купите лампиони или украси за елката на најблиските.
Но, ова е сосема погрешен избор.
Ако ви требаат украси или лампиони, едноставно, купете ги и ставете ги низ домот, но не и под елката како подарок.
Избегнувајте и ќебиња, перничиња со украсни шари, постелнина и слични практични работи кои се повеќе за во домот, а не личен подарок.
Суплементи или „велнес“ производи
Во време кога многумина купуваат разни суплементи, витамини или „велнес“ производи, и на тој начин се грижат за своето здравје, уште некој ваков производ во нивната колекција е лоша идеја.
Затоа, избегнувајте ги.
Шолји за кафе или чај
Овие производи отсекогаш биле популарни како подарок.
И иако се практични, веројатноста дека некого ќе израдувате со шолја за кафе или чај е многу мала.
Но, затоа можете да изберете некое кафе со егзотичен и уникатен вкус.
Производи за лична хигиена
Електрични четки за заби, брич, гел за коса или кармин се практични подароци, но и тие одамна не се меѓу работите кои треба да ги подарите за празниците.
Наместо тоа, можете да се одлучите за сет кремови за раце и тело или шумливи топки или купки за во када, кои се многу поинтересен подарок.