Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 новогодишни подароци кои треба да ги избегнувате ако сакате да подарите нешто уникатно

Чорапи или долна облека

Точно, секому му требаат чорапи или долна облека.

Но, тоа не се празнични подароци кои ќе израдуваат некого, особено децата.

Ова е најверојатно еден од најздодевните подароци кои можете да ги купите за саканите.

8-idei-za-novogodishni-podaroci-koi-se-zdodevni-zastareni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-06.jpg

Спортска опрема

Ова е подарок со кој многу ризикувате, бидејќи е поверојатно дека ќе згрешите наместо да израдувате некого.

Не помислувајте да купите вага за мерење тежина, водич за нутриционизам, тегчиња за раце, ластици за вежбање нозе, па дури ни пилатес топка.

Ако личноста не ви побарала ваков подарок, заборавете го, бидејќи е лоша идеја.

8-idei-za-novogodishni-podaroci-koi-se-zdodevni-zastareni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-08.jpg

Подароци на кои се наоѓа некаква ознака за претстојната година

Во многу продавници ќе најдете различни производи на кои е испишана годината што доаѓа.

Но, што со тоа? Овие производи, како на пример играчки, дрвени украси, плишени мечиња, магнети, се буквално бескорисни.

Затоа, само поминете покрај нив во продавница и побарајте нешто друго.

8-idei-za-novogodishni-podaroci-koi-se-zdodevni-zastareni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-07.jpg

Чоколадни Дедо Мразовци

Чоколадните Дедо Мразовци се интересни за гледање, и во ред е ако ги има во новогодишното пакетче, но не ги купувајте како подарок за под елка.

Најчесто луѓето (дури и децата) ги отвораат, каснуваат неколку залчиња и ги оставаат.

Ако веќе сакате да купите нешто чоколадно, изберете малку поскапи бонбони или чоколатца, во елегантно пакување.

8-idei-za-novogodishni-podaroci-koi-se-zdodevni-zastareni-i-treba-da-gi-izbegnuvate-02.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
10 идеи за подароци за Secret Santa до 500 денари, што навистина се корисни Преносни звучници, боенка за возрасни, тоалетна чантичка за патување... Што може...
11 зимски и новогодишни декорации од TEMU за кои нема да потрошите цело богатство Какви декорации за празниците може да си купите од TEMU за цена до 600 денари? С...
6 придобивки од читањето (кои се доказ дека треба да се фатите за книга веднаш) Читањето е помоќно од гледање филм. Додека сме потонати во приказната, нашите пр...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg