Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Докторка од САД мами воздишки со мускулестото тело: „Некои ме критикуваат, но не ги слушам“

Честопати добива коментари дека не е примерно докторка да изгледа така, но Стејси од САД нема во план да се откаже од тоа што го сака. Таа е бодибилдерка и неретко ја нарекуваат најзгодната докторка во светот.

na-pacientite-ne-im-e-seedno-koga-kje-ja-vidat-dali-e-ova-najzgodnata-doktorka-vo-svetot-01.jpg

Стејси Неито од Калифорнија неретко ја нарекуваат најзгодната докторка во светот.

„Често ми велат дека сум најубавата докторка на светот, а тоа ми ласка. Претпоставувам дека луѓето не очекуваат лекарите да бидат секси, како тоа да е нешто чудно“, вели докторката за коментарите, но и критиките со кои се соочува.

najzgodnata-doktorka-vo-svetot-02.jpg

Стејси работи како физиотерапевт, а исто така е и шефица на клиниката во Лос Анџелес. 

Покрај тоа што е докторка, таа се натпреварува и во бодибилдинг.

Токму овој спорт ѝ има помогнато да добие затегнато тело.

najzgodnata-doktorka-vo-svetot-03.jpg

Таа вели дека поради својот изглед морала да се бори со стереотипи дури и на факултет.

„Кога бев студентка ми пријде еден доктор и ми рече дека воопшто не изгледам како докторка бидејќи сум згодна и фит и дека пациентите нема да ме сфатат сериозно“, вели таа за „Тhe Sun“.

najzgodnata-doktorka-vo-svetot-04.jpg

Таа вели дека некои пациенти биле исплашени за својот живот кога ќе виделе дека таа треба да ги лекува.

Се сомневаат во неа само поради физичкиот изглед, како згодна жена да не може да биде и добра докторка.

Многупати била критикувана затоа што некои луѓе сметаат дека на една докторка не ѝ доликува да се занимава со бодибилдинг.

„Ми велат дека не е примерно докторка да се натпреварува во бодибилдинг. Но, баш ги сакам таквите личности“, додава докторката која истакнува дека воопшто нема намера да се откаже од натпреварите.

Повеќе фотографии од Стејси погледнете на следната страница



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg