10 супер трикови од интернет со кои ќе ги „спасите“ облеката и чевлите
Што треба да правите кога ќе ви се расипе патентот на омилените фармерки? Или, ако ви се извалкаат омилените чевли, но не можете да ги исчистите со крпа и средство?
Сите проблеми поврзани со облеката не се решаваат со игла и конец. Некогаш, решението е многу едноставно, а интернет корисниците ги споделуваат своите искуства за да им го олеснат животот на останатите.
Во продолжение, прочитајте 10 супер трикови кои им помогнале на луѓето, па сега ги споделуваат со другите:
1. Дома секогаш чувајте спојувалки во боја - можат да ви помогнат да ја прицврстите вратоврската.
2. Ако ви се отвора патентот на фармерките, фиксирајте го со металното тркалце од приврзокот за клучеви.
3. Ако ви се долги тренерките, наместо да ги скратите, ставете ластик околу ногата и превртете го преку ластикот делот што ви пречи.
4. Широките тренерки или пижами можете да ги стеснете со украсна лента.
5. Со гума за бришење исчистете ги дамките и валканите линии од омилените патики. Гумата за бришење најдобро чисти кожа, гума и велур.