Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бизарната приказна за докторот кој оперирал жени без анестезија и на нив вршел гинеколошки експерименти

Вршел експерименти врз робинки. При операција не им давал анeстезија и морале да бидат во непријатна положба. Неговиот начин на лекување го згрози светот.

d-r-sims-lekuval-na-bizaren-nachin-operiral-zeni-bez-anеstezija-i-vrshel-ginekoloshki-eksperimenti-01.jpg

Џејмс Мерион Симс често се опишува како „пионер на гинекологијата“ од времето кога испитувањата на женските репродуктивни органи биле табу тема.

И покрај неговата репутација, неговите методи често се сметаат за крајно проблематични. 

По вежбањето во лекарска ординација и завршувањето на тримесечен курс и една година студирање на медицинскиот колеџ Џеферсон, Симс ја започнал својата медицинска кариера во Ланкастер. 

Откако ги изгубил првите двајца пациенти, тој се преселил во Монтгомери, Алабама, во потрага по нов почеток.

Во Монтгомери, Симс стекнал репутација меѓу богатите сопственици на плантажи и ги лекувал нивните робови. 

d-r-sims-lekuval-na-bizaren-nachin-operiral-zeni-bez-anеstezija-i-vrshel-ginekoloshki-eksperimenti-03.jpg

Робинките му биле пациентки

Симс користел афроамерикански робинки како пациентки за своите истражувања, а за време на зафатите не им давал никаква анeстезија, ниту аналгетик. 

Ваквиот пристап денес е вознемирувачки и неприфатлив. 

Важно е да се напомене дека одлуката на Симс да не дава анeстезија на афроамерикански пациенти не била нужно мотивирана од страв од потенцијални медицински компликации, туку од неговото верување дека црномурните мажи и жени не ја доживуваат болката на ист начин како и белите.

Симс, исто така, бил критикуван во тоа време поради давање предност на експериментите, наместо на давање терапија, како и за предизвикување неописливи страдања. 

За жал, не е евидентирано како самите жени ги доживувале овие зафати, бидејќи тогаш била потребна согласност од нивните сопственици, кои имале економска корист од нивното закрепнување, за да добијат лекарска помош.

d-r-sims-lekuval-na-bizaren-nachin-operiral-zeni-bez-anеstezija-i-vrshel-ginekoloshki-eksperimenti-04.jpg

Првата жена пациент

Првата пациентка што ја оперирал била 18-годишната Луси, која се породила неколку месеци пред прегледот и оттогаш не можела да го контролира мокрењето. 

Во текот на постапката, пациентите биле целосно голи и биле ставани во непријатна положба. 

Операцијата на Луси била исклучително болна, па дури и други лекари присуствувале и ја следеле процедурата. 

Според белешките на Симс, „агонијата на Луси била неподнослива“.

За жал, поради компликации од операцијата, Луси добила труење на крвта и закрепнала дури по неколку месеци.

Раните операции на Симс не биле успешни, но по четири години експериментирање и триесет операции на 17-годишната робинка Анархија, тој успеал да ја „усоврши“ својата техника. 

Потоа почнал да применува анестезија и кај белите жени, што било новина во тогашната медицина.

Парите кои ги заработил ги искористил за изградба на болница со осум соби во центарот на комерцијалната област Монтгомери, додека повеќето медицински прегледи биле извршени на плантажите. 

Операцијата се користела само за сериозни повреди и болести на пациентите.

d-r-sims-lekuval-na-bizaren-nachin-operiral-zeni-bez-anеstezija-i-vrshel-ginekoloshki-eksperimenti-06.jpg

Статуите на Симс предизвикале протести

Статуите на Симс биле поставени, во Централ парк во Њујорк, Државната куќа во Јужна Калифорнија и пред неговото старо медицинско училиште, Универзитетот Џеферсон, во Филаделфија.

По неколкугодишни протести, статуата во Филаделфија била преместена во складиште, а статуата на Централ Парк била отстранета на 17 април 2018 година.

d-r-sims-lekuval-na-bizaren-nachin-operiral-zeni-bez-anеstezija-i-vrshel-ginekoloshki-eksperimenti-07.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Пинтерест

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg