Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Изгледав кич и носев евтини материјали, денес сум префинета дама - како успеав?“

„Пораснав без најмала идеја околу нешто поврзано со модата, а не пак со елеганцијата и префинетото однесување. Од големи, светкави, кич обетки со циркони до евтини копии на фустани, можевте да ме видите во најлошите комбинации...“

izgledav-kich-i-nosev-evtini-materijali-denes-sum-prefineta-dama-kako-uspeav-001.jpg

Ана Беј од Шведска, која живее во Лондон, е влогерка која дава совети за бонтон, елеганција и е основач на шведската организација за добри манири „School of Affluence“.

izgledav-kich-i-nosev-evtini-materijali-pominav-dolg-pat-do-toa-da-stanam-prefineta-dama-03.jpg

Сега, таа искрено проговори дека не секогаш имала така добар моден стил и префинети манири, па во објава на Инстаграм се потсети на изгледот во својата младост.

Нејзината исповед гласи:

„Пораснав на фарма во Шведска, без најмала идеја околу нешто поврзано со модата, а не пак со елеганцијата и префинетото однесување.

Од големи, светкави, кич обетки со циркони до евтини копии на Versace фустани, можевте да ме видите во најлошите комбинации и со најевтините материјали кои постојат.

Не знаев за крој, бои, стил или модни детали, кои ќе го заокружат изгледот на софистициран начин.

Почнав, модно да напредувам така што црпев инспирација од елегантните жени околу мене и учев преку проби и грешки.

izgledav-kich-i-nosev-evtini-materijali-pominav-dolg-pat-do-toa-da-stanam-prefineta-dama-02.jpg

Но, тоа беше долг процес и поминав долг пат додека го изградив својот стил и самата успеав да отворам своја организација, преку која им помагам на жените да го остварат својот комплетен женски потенцијал - нешто што мене ми беше навистина потребно тогаш“.

Споредбата на Ана Беј некогаш и сега:

Повеќе фотографии од модниот стил и животот на Ана Беј сега:

Прочитајте уште неколку совети од Ана Беј - Топ 5 причини поради кои сте им одбивни на луѓето и ве избегнуваат

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Исповеди: „Што ќе направам со парите ако добијам на лото и станам многу богат/а?“ „Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи су...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg