Топ 5 причини поради кои сте им одбивни на луѓето и ве избегнуваат

Зборувате премногу – ова е една од работите која најмногу ги одбива луѓето од вас, обидите за фалење и импресионирање всушност ве прават несигурни и на луѓето едноставно им доаѓа премногу.

top-5-prichini-poradi-koi-ste-im-odbivni-na-lugjeto-i-ve-izbegnuvaat-01.jpg

Ана Беј (34) од Лондон е влогерка која дава совети за бонтон, елеганција и е основач на шведската организација за добри манири „School of Affluence“.

Во нејзиното последно Јутуб видео таа открива грешки поради кои би можеле да им станете одбивни на луѓето.

Според неа, ова се 5-те грешки кои ги прават луѓето одбивни - ќе се сложите ли?

Зборувате премногу

Ова е една од работите која најмногу ги одбива луѓето од вас, обидите за фалење и импресионирање всушност ве прават несигурни и на луѓето едноставно им доаѓа премногу од такви личности. Бидете умерени.

Не враќате услуги

На луѓето им станувате одбивни ако никогаш не им враќате на услугите, сите врски се базираат на давање и земање, а не само на земање.

Лош здив

Можеби звучи површно и шокантно, но редовната орална хигиена и посетите на стоматолог се задолжителни.

Снобовско однесување

Кога сте студени, арогантни и гледате од висина на луѓето, тогаш вие им станувате одбивни на многумина, потребно е да имате во вас топлина и пријателско лице.

Се правите дека сeкогаш знаете сѐ

Чувствувате дека секогаш треба да го имате последниот збор, да имате авторитет врз сите и борбено настапувате секогаш затоа што сите други според вас грешат - ова однесување дефинитивно не е привлечно.

Прочитајте и 8 бонтон правила кои секоја дама треба да ги почитува во ресторан

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg