Биле во врска, ладнокрвно убиле две жени: Злосторството на сестрите Папин за кое се зборува и 90 години подоцна

Сетрите Папин биле опседнати една со друга, неразделни, никогаш не зборувале, а нивното злосторство ги згрозува луѓето до денес. На двете нивни жртви, тие им ги ископале очите, па ги удирале додека не ги усмртиле.

bile-vo-vrska-ladnokrvno-ubile-dve-zheni-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-za-koe-se-zboruva-i-90-godini-podocna-01.jpg

Убиството кое го извршиле сестрите Папин остави крвава трага во записите на француската криминологија.

Нивното злосторство привлекло внимание на значителен број француски интелектуалци кои пишувале и правеле различни анализи за нивниот случај, кој е инспирација за многу театарски претстави и филмови.

Кристин и Леа Папин во својата младост живееле во селата околу Ле Ман во западна Франција.

Кристин била 7 години постара од својата сестра Леа, а имале и постара сестра Емилија, која била силувана од својот татко, па одлучила да стане калуѓерка.

bile-sestri-ljubovnicki-i-ubijci-za-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-se-zboruva-i-90-godini-podocna-03.jpg

Папин растеле во нефункционално семејство, биле сведоци на насилство и разни облици на злоупотреба.

По разводот на нивните родители, сестрите завршиле во психијатриска установа за да закрепнат од разделбата, која и двете многу ги погодила.

Двете сестри биле неразделни иако ретко зборувале, па на многумина им изгледало како да комуницираат телепатски.

Откако ја напуштиле менталната установа, Кристин и Леа успеале да се вработат како собарки во неколку домаќинства, секогаш инсистирајќи да работат во пар.

bile-sestri-ljubovnicki-i-ubijci-za-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-se-zboruva-i-90-godini-podocna-06.jpg

Животот во куќата на Ланселин

Во 1926 година, тие станале постојани слуги во вилата на Рене Ланселин, пензиониран адвокат кој живеел во градот Ле Ман.

Рене, неговата сопруга Леона и нивната возрасна ќерка Женевив живееле во двокатна градска куќа, додека нивната друга ќерка била мажена и живеела со сопругот.

Девојките наводно морале да работат по 14 часа, со само половина слободен ден секоја недела. Тоа се сметало за нормално работно време за куќните помошнички во тоа време.

Меѓутоа, во домаќинството Ланселин не било сè совршено бидејќи сестрите имале нетипичен однос со своите работодавци.

Ниедна од сестрите никогаш не разговарала со Рене Ланселин. Неговата сопруга им давала наредби на сестрите, и тоа само во писмена форма. 

Леона исто така била жена која барала совршенство и рутински ја проверувала хигиената користејќи бели ракавици по мебелот за да потврди дека е беспрекорно чист.

bile-sestri-ljubovnicki-i-ubijci-za-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-se-zboruva-i-90-godini-podocna05.jpg

Сестрите се држеле до себе како и секогаш, молчеле и си ја работеле работата со понизност и почит.

Не покажувале интерес за надворешниот свет и слободното време го поминувале само една со друга.

На нивниот газда тоа не му пречело сè додека си ги завршувале своите обврски.

Две години работеле кај него и не се случил никаков инцидент.

На 2-ри февруари 1933 година, мајката и ќерката по пазарење требало да отидат во домот на братот на Леона, каде требало да ги дочека Рене.

Сестрите Папин не очекувале никој од семејството да дојде дома до доцните вечерни часови.

Продолжиле со своите обврски, од кои едната била да ја земат расипаната пегла од мајстор. Меѓутоа, кога ја вклучиле, пукнал осигурувач.

Одлучиле наутро да се обидат да поправат сè, со оглед на тоа дека Леона нема да се врати дома до доцна навечер.

bile-sestri-ljubovnicki-i-ubijci-za-zlostorstvoto-na-sestrite-papin-se-zboruva-i-90-godini-podocna-08.jpg

Меѓутоа, Леона и Женевив неочекувано се вратиле дома.

Според она што Кристин подоцна го изјавила пред судиите, кога на Леона ѝ било кажано дека пеглата не работи и нема електрична енергија, таа бурно изреагирала.

Кристин тогаш ја удрила со метална ваза, што ја навело Женевив да пристапи во одбрана на мајка си, па бесната Кристина почнала да вика.

Леа веднаш се симнала од таванот и ја нападнала Леона, а Кристин ја охрабрувала: „Скрши ѝ ја главата и извади ѝ ги очите“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg