Бизарниот случај на Шери Папини: Лажела дека е киднапирана за да биде со љубовникот, ја барале 3 седмици

Случајот на Шери Папини е можеби најбизарната приказна со киднапирање, и тоа од една причина – Шери го лажирала своето киднапирање за да може да биде со љубовникот. За оваа лага, во 2022-ра добила 18-месечна затворска казна.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-01.jpg

Шери Папини од САД, родена во 1982-ра, стапила во брак со Кит Папини во 2009 година. Добиле две деца, а се развеле по „киднапирањето“ на Шери.

На 2-ри ноември 2016-та, тогаш 34-годишната Шери отишла да џогира во близина на нејзиниот дом во Калифорнија.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-08.jpgШери и сопругот Кит

Кога нејзиниот сопруг се вратил од работа, Шери не била дома, па тој се загрижил. Бидејќи Шери се задржала повеќе од вообичаено, тој ја искористил апликацијата Find My iPhone за да ѝ го лоцира телефонот.

Апликацијата покажала дека се наоѓа на раскрсница, на околу еден и пол километар од нивниот дом.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-10.jpgШери и Кит со децата

Набрзо потоа почнала обемна потрага по Шери, во која учествувале полицијата, соседите, семејството, но и сограѓаните на семејството.

„Ужасно е. Не сакам да мислам премногу на ситуацијата бидејќи се тешам дека во секој миг ќе добијам повик или ќе се појави на вратата“, изјавил тогаш нејзиниот сопруг за ABC News.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-09.jpgКит во интервју за ABC News

Семејството на Шери понудило и награда за какви било информации за неа, а притоа почнале и кампања на Go Fund Me за да ги соберат потребните средства.

Луѓето донирале скоро 50.000 долари.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-05.jpg

Цели три седмици од Шери немало ни трага ни глас, сè додека не била забележана на околу 240 километри од местото од коешто исчезнала.

Шери била пронајдена на Денот на благодарноста, рацете ѝ биле врзани и имала повреди на телото. На едното рамо и бил врежан и цитат од Библијата.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-07.jpg

Кратко по пронаоѓањето на Шери, нејзиниот сопруг повторно се огласил за ABC News:

„Имаше страшни модринки. Отсекогаш имала долга, руса коса и ѝ ја исекле“.

Исто така, на Шери ѝ бил скршен носот и тежела едвај 40 килограми кога ја нашле.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-12.jpgШери за време на средба со детективите по киднапирањето

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg