Белите дробови откажуваат, органите се уништуваат – Што се случува со телото на големи длабочини?

Поради огромниот притисок, на големи длабочини на човечкото тело му откажуваат органите, а можат да се појават и повреди и сериозно оштетување на сите ткива. По одредена длабочина, настапува и смрт. Остатоците на „Титаник“ се наоѓаат на длабочина од околу 4.000 метри. Овдешниот притисок изнесува околу 400atm – нешто што човечкото тело не може да го преживее.

belite-drobovi-otkazhuvaat-organite-se-unishtuvaat-shto-se-sluchuva-so-teloto-na-golemi-dlabochini-01.jpg

Притисокот на водата станува сè поголем со длабочината. Поради ова, во најдлабоките точки на океаните нема никаков живот.

Но, што точно му прави огромниот притисок на телото?

Што е притисок?

Притисокот е всушност сила која е применета на едно тело. Односно, притисокот претставува количина сила применета нормално на единица плоштина.

На пример, атмосферскиот притисок е притисокот на Земјината атмосфера. Ова е притисокот што го врши воздухот со неговата тежина како сила, врз единица површина од Земјата.

Притисокот се мери во Паскали (Pa).

belite-drobovi-otkazhuvaat-organite-se-unishtuvaat-shto-se-sluchuva-so-teloto-na-golemi-dlabochini-0.jpg

Колкав притисок поднесува телото?

Атмосферскиот притисок на Земјата изнесува 101.325 Паскали. Бидејќи оваа бројка е огромна и ги отежнува пресметките, за атмосферски притисок се користи и друга единица – atm (англиска кратенка од атмосферски притисок).

Одовде, 101.325 Паскали се еднакви на 1atm.

Човечкото тело може да функционира нормално на околу 2,5atm.

На поголем притисок, веќе почнуваат да се јавуваат сериозни проблеми со целиот организам.

belite-drobovi-otkazhuvaat-organite-se-unishtuvaat-shto-se-sluchuva-so-teloto-na-golemi-dlabochini-03.jpg

Колкав е притисокот во океаните?

Притисокот на Земјата може да варира, но на нулта надморска височина изнесува околу 1atm.

На секои 10 метри длабочина, притисокот се зголемува за 1atm.

Што значи, на 1.000 метри длабочина, притисокот би изнесувал 100atm, на 2.000 метри – 200atm…

Остатоците на Титаник се наоѓаат на длабочина од околу 4.000 метри. Овдешниот притисок изнесува околу 400atm – нешто што човечкото тело не може да го преживее.

Дури и подморниците кои одат на оваа длабочина, како Титан, мораат да се посебно опремени да го поднесат огромниот притисок.

Рекордот за нуркање на најголема длабочина изнесува 332 метри каде што притисокот е околу 30atm.

Теоретски, човекот би можел да преживее до 1.000 метри длабочина каде што притисокот е 100atm. Но, секако, никој досега не го тестирал ова.

belite-drobovi-otkazhuvaat-organite-se-unishtuvaat-shto-se-sluchuva-so-teloto-na-golemi-dlabochini-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg