Хит реакција на мало девојче кое за првпат го гледа татко си без брада – „Кој е овој човек?“

Татковците и ќерките имаат посебна конекција, а реакцијата на ова девојче кое за првпат го гледа татко ѝ со видна трансформација во изгледот сигурно ќе ве насмее и ќе ви го разубави денот.

hit-reakcija-na-malo-devojche-koe-za-prvpat-go-gleda-tatko-si-bez-brada-koj-e-ovoj-chovek-01.jpg

За малите деца и најмалата промена во изгледот на нивните родители може да биде збунувачка, па така воопшто не зачудува реакцијата на малото девојче кое за првпат го виде татко си без брада.

Аманда Расмунсен на ТикТок објави видео на кое се гледа како реагира нејзината ќерка, која за првпат го гледа татко си без брада. Како што појаснува Аманда, нејзиниот сопруг Стефан, ја немал избричено брадата откако се родило нивното малечко девојче, а за да види како ќе реагира сега на него - без брада, кога излегол од тоалетот, го прекрил долниот дел од лицето со ќебе.

Реакцијата на девојчето, кое на крај успева да го извлече ќебето од лицето на татко му е навистина забавна...

„Мамо... Кој го пушти овој човек кај нас дома?!“ – на шега прашува во видеото Аманда, затоа што нејзиното мало девојче во прв момент воопшто не го препознава татко ѝ без брада.

hit-reakcija-na-malo-devojche-koe-za-prvpat-go-gleda-tatko-si-bez-brada-koj-e-ovoj-chovek-02_copy.jpg

Видеото на ТикТок досега има над 2,5 милиони прегледи, а многумина коментираат дека се соочиле со слична ситуација кога нивните деца биле мали.

„Звучиш како татко ми, ама некако не личиш на него“, „Сигурно сѐ уште е во шок“, „Изгледа како одново да се вљубува во татко ѝ“, „Ќерка ми плачеше: ‘Кој е тој?’“, „Го слушам тато, ама не го гледам“ – стои во дел од коментарите.

@babymamallama89

She was like 😳 then 😄 #twilarenn #babymamallama89 #dadsoftiktok #beardshave #beardshavereaction

♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg