Сумамед не е препарат на база на мед - 10 хумористични лекарски заповеди
Сите знаеме дека докторите може да бидат прилично незгодни, но неретко и пациентите не се „цвеќе за мирисање“.
Еден доктор од Босна и Херцеговина решил на оригинален и духовит начин да им се обрати на пациентите кои се однесувале некоректно кон него:
1. Во оваа ординација ЈАС сум докторот, а ВИЕ сте пациентите. Доколку тоа не ви се допаѓа, најдете друга установа каде што нештата се поставени обратно.
2. Ординацијата не е продавница каде што се продава мешовита стока. Доколку би била, тогаш компјутерот би бил каса, јас си би трговец, а апаратот за притисок би бил полица за кондоми.
3. Доколку веќе влегувате преку ред само „за да прашате нешто“, тогаш тоа нека не вклучува и мерење на притисокот, рецепт за вашата баба, прашање за кожниот осип кој трае веќе 6 месеци, но во моментов баш не се познава добро, итн.
4. Доколку сте дојдени само за мерење на притисок, тогаш измерете го, зошто дополнително го задушувате докторот со сите други споредни работи, а притисокот останува неизмерен?
5. Чекалницата не е место за дружба, туку за чекање, тоа може да се заклучи и од називот на просторијата.
6. Сумамед не е препарат на база на мед.
7. Ако сосетката Мара ви препорачува некои таблети против реума, тогаш веднаш нека ви напише и рецепт за нив.
8. Доколку по чукањето на вратата слушнете – „Ве молиме, почекајте“, тоа не значи дека треба да продолжите да тропате со зголемен интензитет, туку значи дека навистина треба да почекате.
9. Доколку сте постари од 90 години и имате мали проблеми, односно „ве врти коленото“, тоа е нормално. Всушност, не е нормално, затоа што веќе одамна требало да почне да „ве врти“.
10. Кога по завршувањето на работното време нема да најдете никого во ординацијата, немојте да се нервирате… почекајте. Некој сигурно ќе дојде.