Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти

„Еден ортопедски пациент имаше операција во текот на денот. Јас бев попладневна смена, а тој се мачеше да уринира. Неговиот лекар нареди ако не може да уринира до 20 часот, да му стават катетер. Во 19:30 часот тој гордо ми го покажа својот писоар со доволно течност. Само што требаше да заминам дома, тој ме повика. Ми призна дека тоа било сок од јаболко“.

medicinski-sestri-otkrivaat-zabavni-i-smeshni-raboti-koi-gi-slushnale-od-nivnite-pacienti-001.jpg

Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè. Тие се соочуваат со многу пациенти во текот на денот, а многумина од нив споделуваат секакви работи.

Имајќи предвид дека се соочуваат со различни типови луѓе, од различни возрасти и со различни карактери, медицинските сестри понекогаш слушаат интересни реплики кои не можат да ги заборават.

Business Insider открива интересни приказни споделени од медицински сестри, но и приказни од интернет споделени од различни корисници.

Во продолжение погледнете некои од најсмешните работи кои медицинските сестри ги слушнале од нивните пациенти:

„Мојот прв пациент со колостомија. Беше стар, намуртен човек кој седеше во креветот. Почнав да му ја симнувам чантата и мирисаше толку лошо што ми се насолзија очите.

Постојано си повторував дека треба да размислувам за неговите чувства и да не дозволам нешто да се покаже на моето лице. Тој ме погледна и рече: Боже, имаш лош здив!“

„Една пациентка на породување беше целосно отворена, почна да турка, а потоа се предомисли. ’Не сакам да го правам ова, ќе си одам дома‘, рече. А, потоа се обиде да се симне од боксот“.

„Јас сум бабица и прашав една од моите пациентки дали нејзиниот партнер ќе присуствува на породувањето. Таа рече: ’Не, не го ни знам доволно‘“.

medicinski-sestri-otkrivaat-zabavni-i-smeshni-raboti-koi-gi-slushnale-od-nivnite-pacienti-02.jpg

„Го екстубиравме мојот навистина болен пациент. Тој помина низ голема операција и кога го потсетивме дека е во болница, тој рече ’Ох не'.

Потоа, кога го прашав дали сака да му ја донесам сопругата, тој ме праша ’А која?‘ Беше неверојатно да се види дека тој сè уште има таква смисла за хумор, по сето она што го помина“.

„Работев во просторија за заздравување од ендоскопија. Процедурите најчесто се кратки и бараат само лесна анестезија. Еден од моите пациенти беше полицаец. Првото нешто што го рече кога се разбуди беше: ’Па, што ќе ми кажеш за тебе?'“

„Еден ортопедски пациент имаше операција во текот на денот. Јас бев попладневна смена, а тој се мачеше да уринира. Неговиот лекар нареди ако не може да уринира до 20 часот, да му стават катетер.

Во 19:30 часот тој гордо ми го покажа својот писоар со доволно течност. Само што требаше да заминам дома, тој ме повика. Ми призна дека тоа било сок од јаболко“:

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешна фото-компилација: Најлудите работи што ги гледаат вработени во техничка поддршка Подуена батерија од лаптоп која може да експлодира во секој миг, конзола за игра...
Забавни мемиња во кои ќе се пронајдат сите интроверти Дали кога некој ќе ви рече да кажете нешто повеќе за себе, особено пред други лу...
10 српски твитови кои се доказ дека твитерџиите имаат уникатна смисла за хумор „Ве молам намалете ги цените на храната и бензинот, немам тело за на OnlyFans“ и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg