Факти за минатото на Јапонија што докажуваат дека оваа земја отсекогаш била уникатна
Знаевте ли дека со векови, повеќето Јапонци не јаделе месо бидејќи сметале дека постои ризик да изедат реинкарнација на нивен предок?
Денес сите се восхитуваме на креативноста, интелектот и културата на Јапонците, но се чини дека тие, како народ, отсекогаш се истакнувале.
Минатото на Јапонија е исто фасцинантно колку и сегашноста, а следниве факти ќе ви го потврдат тоа:
Јапонија била изолирана од светот во период од 217 години
Од 1603 до 1868 година, помеѓу Јапонија и другите држави немало речиси никакви врски и никаква трговија.
Истовремено, на скоро сите странци им бил забранет влез во Јапонија, додека Јапонците не смееле да ја напуштат земјата.
Оваа јапонска политика е позната како sakoku, што во буквален превод значи „држава во синџири“.
Властите верувале дека христијанството, но и другите странски влијанија биле закана за новонастанатата стабилност на државата, па се одлучиле на ваков радикален чекор.
Црните заби биле знак за убавина
До 1900-тите, а и подоцна, жените од Јапонија си ги боеле забите со состојка што им давала црна боја.
Интересно е што ова најпрво го правеле за да ги заштитат забите од расипување, но со текот на времето станало знак за убавина.
Оваа практика била популарна и во други азиски земји, како Индија, а забележана е и во Америка, најмногу кај домородно население во Перу и Еквадор.
Човечкиот измет бил многу вреден
Во 18-тиот век, човечкиот измет имал важна улога во агрикултурата на Јапонија бидејќи се користел како ѓубриво.
Бидејќи имале мала површина плодна почва, квалитетното ѓубриво било неопходно за успешна берба, па човечкиот измет бил едно од највредните нешта.
Богатите жени си ги бричеле веѓите
Црните заби не се единствениот необичен стандард за убавина од минатото на Јапонија.
За најпривлечни се сметале жените со многу бело лице и необични веѓи со чудна форма.
Па, за да го постигнат овој ефект, тие целосно си ги отстранувале веѓите, а потоа си цртале нови.