Факти за минатото на Јапонија што докажуваат дека оваа земја отсекогаш била уникатна
Речиси никој не јадел месо со векови
Од религиозни, но и здравствени причини, повеќето Јапонци избегнувале да јадат месо во период подолг од 12 векови.
Според будизмот, секој човек може да се реинкарнира во друго живо битие, вклучувајќи и животни.
За верниците ова значело дека ако јадат месо, ризикуваат да го изедат телото на нивен реинкарниран предок.
Но, и пред појавата на будизмот, месото не било важен дел од исхраната на Јапонците.
Јапонците имале (механички) роботи уште во 17-тиот век
Јапонците се меѓу лидерите кога станува збор за технолошки иновации, па можеби не треба да ве изненади тоа што имале роботи и во 17-тиот век.
Ова биле механички машини кои можеле да прават едноставни работи, како подавање шолја чај, и се сметаат за предвесници на денешните роботи.
Верувале во лоши години од животот
Во минатото Јапонците биле мошне суеверни.
Едно од бројните суеверија се таканаречените несреќни години од животот, во кои тие очекувале сиромаштија, болести и слично.
За жените, ова биле 19-та, 33-та и 37-ма година од животот, додека за мажите – 25-та, 42-ра и 61-ва година од животот.
Некои бои биле забранети за „обичните“ луѓе
Впечатливите бои и дезени се својствени за јапонските кимона, а во минатото овие бои не биле избирани случајно.
Од 600-тите години, Јапонците почнале да користат систем според кој ги избирале боите на нивната облека во зависност нивниот статус.
Постоеле бои кои можеле да ги носат сите луѓе, но и бои, како портокаловата, кои смееле да ги носат само членови на кралското семејство.
Гејшите спиеле на мали, тврди перници за да не си ги растурат фризурите
Фризурите на гејшите биле навистина комплексни за правење, па една иста фризура ја носеле подолго време.
А, за да не ја растурат, тие спиеле на тврди перници кои го потпираат само вратот и долниот дел од главата.
Спирова С. | Црнобело