Принцот Филип имал афера со балерина и уште 6 лаги и скандали за кралското семејство во популарната серија The Crown

Популарната драма на Нетфликс за животот на кралицата Елизабета Втора е историска фикција. Но, вистинското прашање е колку од тоа што е прикажано е факт, а колку фикција? Извртени вистини, напумпани скандали, сокриени драми, дружба со нацисти, сексуални тензии, неверства, лаги - што сè се крие зад животот на кралското семејство и креирањето на оваа фиктивна драма?

princot-filip-imal-afera-so-balerina-i-ushte-6-lagi-za-kralskoto-semejstvo-vo-popularnata-serija-the-crown-01.jpg

„Круната“ е историско-драмска телевизиска серија каде се прикажува владеењето на починатата кралица Елизабета Втора, а се емитува на Нетфликс.

Првата сезона го опфаќа периодот од бракот на Елизабета со Филип во 1947 година, до распаѓањето на свршувачката на нејзината сестра принцезата Маргарет со капетанот Питер Таунсенд во 1955 година.

Втората сезона го опфаќа периодот од Суецката криза во 1956 година, до пензионирањето на премиерот Харолд Мекмилан во 1963 година и раѓањето на принцот Едвард во 1964 година.

Третата сезона го опфаќа периодот од 1964 до 1977 година и ги вклучува двата периоди на Харолд Вилсон како премиер. Ова е и сезоната во која првпат се појавува Камила Шанд.

Четвртата сезона се протега од 1979 до раните 1990-ти и го вклучува мандатот на Маргарет Тачер како премиер и бракот на принцот Чарлс со Дијана Спенсер.

Петтата и шестата сезона, кои се последни сезони на серијата, ќе го опфатат владеењето на кралицата до 21 век, претпоставувајќи дека ќе биде прикажана и нејзината смрт.

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-03.jpg

Не постои човек што ја гледал (или гледа) серијата, а не е опседнат со неа. Од музиката, до костимографијата, режијата, глумата, па сè до интригите, тајните, приказните.

Според BBC, од почетокот на емитувањето на оваа историска драматизација во 2016 година за владеењето на кралицата Елизабета Втора, до денес, ја гледале 73 милиони домаќинства ширум светот.

Нејзината популарност расте со секоја сезона. Петтата сезона ќе излезе во ноември 2022 година. Но, колку и да е сакана, сепак, мора да се знае дека серијата е фикција.

Одредени историчари и високо ценетите кралски биографи Сали Бедел Смит и Хуго Викерс, изразија загриженост поради несоодветното прикажување на различни настани во серијата.

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-04.jpg

Но, и покрај тоа, веродостојни извори потврдуваат дека кралицата ја гледала првата сезона и иако навистина ѝ се допаднала, имала одредена загриженост дека некои сцени биле премногу драматизирани. Филип се обидел неколкупати да ја одврати Елизабета од нејзината желба да ја гледа серијата, но со неуспех.

Од друга страна, принцот Хари проговори дека тој е најотворениот од сите членови на кралското семејство и со голема желба ја гледа, и ужива во серијата.

Ајде накратко да видиме кои нешта не се прикажани во целосно вистинско светло во серијата:

Кралот Едвард Осми бил во подлабока соработка со нацистите од тоа што е прикажано во серијата

Војводата Едвард Осми абдицирал во 1936 година и ја отфрлил титулата крал. Тој бил голем нацистички симпатизер.

Во една од епизодите кралицата го обвинува војводата дека водел дискусии со нацистите за да биде вратен на тронот со неговата сопруга Волис покрај него.

Историчарите не оспоруваат дека овој разговор можеби и се случил или дека постои документација што укажува на вистинитоста на таквите тврдења. Но, серијата тоа го прикажува само како негов дипломатски чекор.

Напротив, војводата и неговата сопруга имале подлабоки пријателски врски со нацистите. Има и фотографии на кои се гледа војводата како употребува нацистички поздрав.

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-05.jpg

Не постоел кралски заговор за раскинувањето на Чарлс и Камила

Постои значително несогласување меѓу историчарите околу темата зошто принцот Чарлс се оженил со Дијана, наместо со Камила.

Бедел Смит теоретизира дека кралското семејство смислило план за да ја натера Камила да се омажи за Ендру Паркер-Боулс, додека принцот Чарлс бил на продолжена воена задача надвор од земјата.

Но, таков план не се случил како што е прикажано во серијата.

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-06.jpg

Серијата дава нереална временската рамка на аферата измеѓу Чарлс и Камила

Во серијата е прикажано дека Чарлс бил инволвиран со Камила во текот на целиот брак со Дијана. Иако Камила се омажила за Ендру во 1973 година, Чарлс и Камила останале пријатели.

Во 1979 година, тие ја продолжиле својата романтична врска, но потоа ја прекинуваат врската кога Чарлс се жени со Дијана.

Серијата прикажува дека тие воопшто не ја прекинуваат врската, а впрочем тие повторно ја разгоруваат нивната афера во 1986 година.

the-crown-krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-13.jpg

Кралот Џорџ Шести не бил болен во 1947 година

Серијата започнува во 1947 година, кога кралот Џорџ Шести (таткото на кралицата Елизабета Втора) искашлува крв.

Меѓутоа, во реалниот живот, кралот Џорџ Шести, кој почина од рак на белите дробови во 1952 година, сè уште не бил болен во 1947 година.

Дури една година подоцна, Џорџ Шести почнал да страда од болки во нозете. Лекарите дијагностицирале интравенозен тромб и извршиле операција, а ракот на белите дробови му бил дијагностициран дури во 1951 година.

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-07.jpg

Свадбата не поминала ни приближно глатко како што е прикажано во серијата

Во серијата, венчавката на Елизабета и Филип е прикажана како свадба од бајките. А во реалниот живот, се случиле многу грешки.

Дијамантската тијара што ја носеше Елизабета се скршила на денот на свадбата. Била брзо поправена на лице место. На свадбените фотографии јасно се гледа пукнатината во тијарата.

Друго е што Елизабета го заборавила својот бисерен ѓердан и ја испратила својата секретарка да го земе, но сообраќајот бил толку лош, што секретарката морала поголемиот дел од патувањето да го помине пеш.

И трето, невестинскиот букет на Елизабета исчезнал, за на крајот да биде чудесно најден во ладилник.

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-08.jpg

Елизабета никогаш не покажала симпатии кон Порчи

Кон крајот на првата сезона од серијата, кога бракот на Елизабета и Филип доживува пресврт, прикажана е врската помеѓу Елизабета и нејзиниот пријател од детството, Лорд Порчи Порчестер. Врската е прикажана со изобилие на сексуална напнатост, а Филип станува сè пољубоморен.

Во реалниот живот, сепак, тоа никогаш не се случило. Од нејзиното детство, Елизабета имала очи само за еден маж - тоа бил Филип.

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-09.jpg

Аферата на Филип со балерината е само една голема шпекулација

Иако е вистина дека вистинскиот принц Филип е познат по тоа што сакал да оди на забави и да се забавува со своите пријатели, нема конкретни докази дека имал афера со одредена руска балерина.

Всушност, магазинот Time сугерира дека балерината Галина Уланова можеби не била ни хетеросексуалка.

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-10.jpg

Останува сега само да видиме што ќе биде прикажано во последните петта и шеста сезона. Сè уште го немаме видено разводот на Чарлс и Дијана, нејзината смрт, смртта на Филип и за крај, смртта на Елизабета.

И останува прашањето - колку овие настани ќе бидат прикажани во вистинско светло?

The-Crown-Krunata-serija-za-kralskoto-semejstvo-ispolneta-so-neverstvo-lagi-intrigi-i-nevistini-11.jpg

К. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg