Првиот сопруг се самоубил, верена e со самопрогласен шаман што тврди дека лекува рак – Факти за скандалозната принцеза Марта Луиз од Норвешка
Пред неколку години од неа бараа да се откаже од круната, затоа што по самоубиството на сопругот започнала врска со самопрогласен шаман од САД, со кого се вери минатиот месец - Која е принцезата Марта Луиз, престолонаследничка во Норвешка и во Британија?
Принцезата Марта Луиз е најстарото дете на кралот Харалд Петти и Кралицата Соња, чијшто живот во изминатите години беше во фокусот на јавноста заради голем број приватни случувања во нејзиниот живот.
Позната е по тоа што долги години наназад се занимавала со проекти поврзани со културата, а особено внимание посветувала на преработката на норвешките бајки.
Пред неколку години, Марта (50) беше во фокусот на јавноста затоа што од неа се бараше да се откаже од кралската круна, откако започна бизнис и романтична врска со Дурек Верет (47), самопрогласен шаман од САД, кој тврди дека може да ги излекува болните од рак.
Иако не е толку често застапена во таблоидите како некои членови на британското кралско семејство, за принцезата Марта Луиз од Норвешка се врзуваат повеќе интересни детали и факти од нејзиниот живот.