Нема природни ресурси, ниска стапка на криминал: Забавни факти за Тувалу, државата која наскоро ќе биде под вода
Тувалу е островска држава која се наоѓа во Тихиот Океан, сместена помеѓу Хавајските Острови и Австралија.
Со површина од 26 километри квадратни, ова е една од најмалите држави во светот и има околу 12.000 жители. Тувалу има и многу мала надморска височина – едвај 5 метри – па ако се покачи нивото на вода во океаните, државата најверојатно ќе исчезне.
Погледнете неколку интересни факти за оваа држава, нејзините жители и нивниот тамошен живот:
1. Европејците ја откриле Тувалу во 1568-ма, кога на нејзиното копно стапнал Алваро де Мендања од Шпанија. На тамошниот јазик, зборот „тувалу“ значи „осум заедно“ бидејќи од деветте островчиња што ја сочинуваат државата, во минатото биле населени само осум.
2. Долг период, Тувалу беше британска колонија и ја доби својата независност дури во 1978 година. Денес Тувалу е уставна монархија и кралицата Елизабета сè уште се смета за монарх на островите.
3. За центар на Тувалу се смета атолот Фунафути и овде живее околу половина од населението.
4. Во оваа држава нема политички партии, ниту постојана војска, но има многу ниска стапка на криминал.
5. Ова е една од најсиромашните држави во светот, но и покрај тоа, овде народот не е соочен со немаштија, глад, ниту пак со некои сериозни социјални проблеми.
6. Островската држава е навистина сиромашна со природни ресурси и околу 15% од населението работи настрана – обично како капетани на бродови. Државата најчесто добива пари од издавање дозволи за риболов, регистрација на бродови под нивното знаме, но добива помош и од други држави. Истовремено, Тувалу не заработува речиси ништо од туризмот.
7. Туваули има само еден аеродром кој се наоѓа на Фунафути. Аеродромот го сочинуваат само една мала градба и една писта.
8. Веќе напоменавме дека државата не заработува речиси ништо од туризмот, веројатно бидејќи овде има многу малку хотели. Ако побарате транспорт од аеродромот до вашиот хотел, голема е веројатноста да ве однесат пеш.
9. Еден од хотелите е сместен веднаш до аеродромот, но тоа не е никаков проблем за гостите – авионите овде се вистинска реткост. Но, областа околу аеродромот неретко се користи како собиралиште за луѓето, а доста често децата таму играат фудбал.