6 цитати од познати дами кои ќе ви помогнат да го засакате вашето тело

„Постои само една личност како тебе, па зошто сакаш да изгледаш како сите други?“ - Адел.

citati-od-poznati-licnosti-koi-ke-ve-ohrabrat-da-go-sakate-vaseto-telo-01.jpg

Пораката што општеството ни ја испраќа е дека убавината на жената треба да ја одреди нејзината вредност.

Сепак, сè повеќе и повеќе жени одбиваат да го прифатат ова и стануваат свесни дека не треба да исполнуваат нереални стандарди за убавина за да се чувствуваат убаво во своја кожа.

Ако ви е тешко да го прифатите изгледот на вашето тело или на вашето лице, следниве цитати од познати дами сигурно ќе ви бидат од помош:

Ешли Греам

„Еднаш некој ми рече дека моите нозе се ’град на целулит‘. Но, сега сфаќам дека моите нозе раскажуваат приказна за победа и храброст“.

Ешли Греам е еден од првите плус-сајз модели и можеби првата плус-сајз жена што почна да се појавува на насловни страници на популарни магазини. 

Денес таа работи и како дизајнерка на долна облека и се залага за позитивен став кон женското тело.

citati-od-poznati-licnosti-koi-ke-ve-ohrabrat-da-go-sakate-vaseto-telo-02.jpg

Мишел Обама

„Ако се грижев на кого сум му се допаѓала или кој мислел дека сум слатка кога бев млада, немаше да бидам во брак со претседателот на САД“.

Поранешната прва дама, Мишел Обама, е жив доказ дека сите можеме да бидеме интелигентни, љубезни и убави во исто време.

citati-od-poznati-licnosti-koi-ke-ve-ohrabrat-da-go-sakate-vaseto-telo-03.jpg

Мишел Елман

„Ако им дозволуваш на сите во светот да одлучуваат, твоето тело НИКОГАШ нема да биде доволно добро“.

Откако нејзината фотографија во бикини стана популарна во 2015 година, Мишел Елман почна да промовира пораки за прифаќање на сопственото тело. 

Откако преживеа 15 различни операции поради болест, оваа активистка ги охрабрува жените да ги прифатат своите лузни.

citati-od-poznati-licnosti-koi-ke-ve-ohrabrat-da-go-sakate-vaseto-telo-04.jpg

Денис Мерцедес

„Мојата самодоверба потекнува од тоа што сум своја и што не се грижам што велат другите“.

Доминиканската манекенка Денис Мерцедес ja започна кампањаta Because It's My Body на Инстаграм за да создаде инклузивна, позитивна заедница за секој што некогаш се чувствувал отуѓен поради својот изглед.

citati-od-poznati-licnosti-koi-ke-ve-ohrabrat-da-go-sakate-vaseto-telo-05.jpg

Шерон Стоун

„Не сакам да бидам ’убавица која не старее‘. Сакам да бидам жена која изгледа најдобро што може за нејзината возраст“.

Актеркатa најпозната по улогата во Basic Instinct ја користи својата популарност на социјалните мрежи за борба против застарените и нереални стандарди за убавина.

citati-od-poznati-licnosti-koi-ke-ve-ohrabrat-da-go-sakate-vaseto-telo-06.jpg

Адел

„Постои само една личност како тебе, па зошто сакаш да изгледаш како сите други?“

Адел, која има добиено повеќе Греми награди, рече дека е горда што ги претставува повеќето жени кога станува збор за телото, докажувајќи дека има повеќе од еден начин да се биде забавувач.

И откако ослабе, Адел продолжува да ја промовира љубовта кон своето тело, истакнувајќи дека е најважно да бидеме здрави и да се чувствуаме добро, без разлика како изгледаме. 

citati-od-poznati-licnosti-koi-ke-ve-ohrabrat-da-go-sakate-vaseto-telo-07.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg