5 забавни факти за Мекдоналдс кои можеби не сте ги знаеле
Знаевте ли дека на почетокот, во рестораните се продавале и сендвичи со путер од кикиритки? Но, бидејќи хамбургерите биле далеку попопуларни, со текот на времето станале главниот артикл на менито.
Основан како скромен ресторан од браќата Ричард и Морис Мекдоналд во 1940 година, Мекдоналдс стана еден од најпрепознатливите брендови во светот и е практично синоним за брза храна.
Во продолжение 5 факти за Мекдоналдс, со кои можеби досега не сте биле запознаени:
1. Мекдоналдс порано продавал сендвичи со путер од кикиритки
Кога ресторанот започнал со работа, неговото мени изгледало значително поразлично од денешното. На менито можело да се пронајде и сендвич со путер од кикиритки.
Меѓутоа, кога откриле дека клиентите најмногу претпочитаат хамбургери, менито било сведено на само осум артикли, вклучувајќи хамбургери, помфрит и газирани сокови.
2. Мекдоналдс е најголемиот трговец со играчки во светот
Секако, ова воопшто не изненадува, со оглед на тоа што многу нарачки во рестораните на Мекдоналдс се „Happy Meal“ оброци, кои содржат играчка како подарок.
3. Првиот Роналд Мекдоналд бил отпуштен заради неговата тежина
Во 1963 година бил ангажиран првиот кловн како маскота на ресторанот Мекдоналдс.
Кога било решено дека секој ресторан ќе го има својот Роналд Мекдоналд, од страв дека нема да најдат кловнови со еднаква тежина, челниците на компанијата го отпуштиле Вилард, првиот кловн.
4. Постои добра причина зошто Кока-Кола има подобар вкус во Мекдоналдс отколку на друго место
Ова е наводно затоа што строго се придржуваат кон упатствата на Кока-Кола.
Водата и сирупот секогаш се ладат пред да се мешаат, а сламката во ресторанот е поширока од типичните сламки на друго место.
5. Малку недостасуваше Мекдоналдс да пристигне на астероид
Во раните 90-ти, Jet Propulsion Laboratory сакала да го финансира лансирањето на вселенското летало кон астероидот Хамбург, во соработка со Мекдоналдс.
За жал, проектот бил откажан во последната минута.
Ашера | Црнобело