Кукли без лица, таjни свршувачки: Фасцинантни факти за начинот на живот на Амишите
Рачно напишани свадбени покани, скромни свадбени церемонии, семејства со многу деца се дел од начинот на живот на Амишите.
Животот на Амишите е навистина интересен за остатокот од светот.
Нивната култура и начин на функционирање е сосема поинаков и сосема исклучен од модерната цивилизација.
Дел од правилата за живот на Амишите:
Кукли без лица
Амишите се многу религиозни и веруваат дека сите се исти во очите на бог и затоа куклите со кои си играат децата немаат лица.
„Здодевна“ свадба
Свадбената ноќ е скромна, како и нивниот целокупен начин на живот, па младоженците одат кај родителите на невестата на седенка и разговор.
На овој начин Амишите ја нагласуваат важноста на семејството.
Тајни свршувачки
Веста дека пар се свршил е тајна и се објавува само неколку седмици пред свадбата.
Рачно напишани свадбени покани
Во духот на нивната култура поканите се рачно напишани. Но, ова е навистина убаво затоа што дава индивидуален печат.
Скромна свадбена церемонија
Кај Амишите нема стотици гости и прослава на новата заедница.
Кај нив сè е концентрирано на мажот и жената кои стапуваат во брак.
Самостојност на 16 години
На оваа возраст со посебна церемонија се обележува самостојноста на Амишите, кога се охрабрени да заминат од заедницата и да искусат што сакаат.
Ова вклучува и кршење на нивните религиозни закони преку експериментирање со цигари, секс и дрога.