Кукли без лица, таjни свршувачки: Фасцинантни факти за начинот на живот на Амишите
Нема секс пред брак
Паровите не смеат да имаат секс пред брак, но смеат да минат ноќ во целовечерни разговори, но целосно облечени.
Некогаш помеѓу момчето и девојката дури има и штица на креветот.
Нема градење цркви
Тие не градат цркви, туку церемониите се изведуваат во домови на членови на заедницата.
Сакаат да го прошират верувањето дека религијата е во секој дом.
Казна со самотија
Кога поединецот ги крши правилата на заедницата, сите го избегнуваат. Овој процес, познат како Meidung, е вид на социјално изолирање, кое треба да ја зацврсти посветеноста на религијата.
Оваа форма на протерување од задницата се смета за последна опција.
Не носат накит
Накитот не го сакаат затоа што ја поттикнува гордоста, па така не носат ниту свадбени бурми.
Просечно семејство има 6-7 деца
Тие го ценат семејството, плус повеќе деца се поголема работна сила за на фармите.
Некои семејства имаат и по 9 деца.
Сите правила им се непишани
Иако имаат строги правила по кои живеат, Амишите немаат пишани правила.
Од начин до облекување до начин на молење сè им е конкретно одредено, но без официјален документ. Тие се насочени кон духовноста.
С. С. | Црнобело