Пишувал целосно гол, бил зависник од секс – Бизарни факти за Виктор Иго
Во Франција со табла е обележено местото каде што бил зачнат великанот на француската книжевност, имал посебен трик за да не заостанува со пишувањето, а француските бордели прогласиле ден на жалост по неговата смрт – факти за Виктор Иго.
За Виктор Иго сите учиме во средно образование, но овие бизарни факти не се споменуваат кога ја читате неговата биографија како автор на „Богородичната црква во Париз“ и „Клетници“.
Виктор Иго имал многу различен живот од она што може да се очекува од неговото творештво. Важи за еден од најуспешните писатели во светот, а се знае дека живеел 15 години во прогон на островот Гернзи за време на владеењето на Наполеон.
Но, Виктор Иго исто така имал некои зачудувачки навики кои ги практикувал што го прават исто толку „посебен“.
Се знае точното место на неговото зачнување
Родителите на Иго, Леополд и Софи во мај 1801-ва година биле во посета на врвот Динон, што се наоѓа на надморска височина од околу 1.000 метри и токму таму го зачнале писателот.
Татко му често му ја раскажувал приказната за зачнувањето на неговиот син.
Според Леополд, уникатноста на неговото зачнување придонело до посебноста и талентот на неговиот син.
Денес постои табла на истиот врв на точната локација на зачнувањето на Виктор Иго.
Пишувал целосно гол
Кога бил веќе повозрасен Виктор Иго нашол трик што му помагал да не заостанува со пишувањето.
Ако почувствувал дека се соочува со авторски блок и не му доаѓале идеи што да пишува барал од слугите да го соблечат и да му ја земат облеката, а потоа да го остават во собата сам и да не го вознемируваат.
Облеката му ја враќале дури откако ќе завршел со пишување, а ако му застудело тогаш барал да му донесат само едно ќебе.
Било сексуално ненаситен
Вљубеник во екстремностите, Иго некогаш зборувал дека имал потреба најмалку деветпати дневно да има сексуални односи.
Кога либидото на неговата сопруга Адел во текот на бракот се намалило, тој нашол љубовница, а потоа почнал и двете да ги изневерува со стотици други жени.
Ниту возраста никогаш не го запрела во задоволувањето на неговите потреби.
Се верува дека дента кога починал борделите во Париз имале ден на жалост за да му оддадат почит на нивниот најредовен клиент.
Во Виетнам е прогласен за светец
Неколку километри оддалечено од градот кој е познат како Сајгон, постои храм на религијата позната како Као Даи.
Религија со над 5 милиони следбеници. Имиња како Иго, Томас Џеферсон и повеќе други се сметани за светци затоа што напишале пораки од другиот светот за време на религиските групни сеанси.
А.В. | Црнобело