Секојдневни борби кои ги разбираат само тврдоглавите луѓе
Ако сте тврдоглави личности, фактот дека сте во право за нешто за вас е како внесување новa доза дрoга во телото.
А кога ќе погрешите, чувствувате криза, како си сите сили да се обидувате да се одвикнете од истата таа зависност.
Иако тврдоглавоста е една од особините која е како меч со две острици, понекогаш знае значително да ни го комплицира животот.
Следните 12 предизвици се нешто во кое со сигурност ќе се пронајдат сите тврдоглавци:
1. Другите постојано ви кажуваат дека сте „тешка“ личност
Не дека се обидувате постојано да не се сложувате со другите – едноставно знаете што сакате и во никој случај нема да попуштите од тоа заради другите. Што има тука нејасно? Другите нека си тераат по нивно, вие ќе си терате по свое.
2. Вашиот ум не сака да се промени, и покрај фактот што сте се обиделе да го наравите тоа
Ќе останете во врска која веќе нема никаква смисла, ќе продолжите да работите на проектот кој не ве интересира и ќе работите работи кои не морате едноставно бидејќи сте рекле дека ќе го направите тоа и во никој случај не сакате да не го исполните кажаното.
3. Тешко се согласувате на компромис – дури и кога навистина го сакате тоа
Понекогаш објективно ја проценувате ситуацијата и покрај фактот што сфаќате дека компромисот е добро решение и за вас, не го правите тоа. Принципите се принципи и тие никако не смеат да се прекршат, дури и ако тоа ви донесе нешто позитивно.
4. Толку сте тврдоглави што тоа се граничи со глупост
Решивте да одите во Италија со најдобрата другарка, но авионските билети одеднаш се зголемија за 200% и вашата другарка се откажа. Но не и вие, нормално си кажавте себеси дека ќе одите, па како сега, зарем ќе се откажете? Во никој случај!
5. Одбивате слепо да следите нечиј авторитет
Само затоа што некој има авторитетна позиција, не значи и дека е во право. На работа познати сте како личности кои секогаш храбро, за многумина и непромислено, му приговараат на шефот, секогаш кога сметате дека не е во право.
6. Играте за да победите, не за да учествувате
Пријателските натпревари за вас се нешто непознато. Во сè што правите вие се вложувате целосно и очекувате од тоа да излезете како победник. Сè друго е неприфатливо.
7. Секогаш мора да победите во аргументираната расправија
Кога на сред дискусија ќе сфатите дека сте во криза, почнувате да измислувате аргументи за да го сочувате образот. Ако не сте во право за главната тема, барем аргументите мора да бидат на ваша страна.
8. Извини е зборот кој го изговарате со неверојатна тешкотија
Извинувањето значи признавање пред самите себе дека сте погрешиле – а тоа е навистина претешко.
9. Постојано мислите дека знаете сè
Иако сметате дека имате отворен ум и дека сте отворени за нови искуства вистината е дека сметате дека знаете сè што, од друга страна, не ви дозволува да научите нешто ново.
10. Работењето во група за вас е дефиниција за пекол
Точно знаете како треба да биде нешто направено, но штом се појави потреба да поделите некоја обврска со друга личност веднаш започнуваат да летаат искри. Иако луѓето велат дека групната работа помага да се чувствувате подобро, вие сте скептик и си верувате само себеси.
11. Конструктивна критика? Што е тоа?
Кога луѓето ќе се обидат да ви дадат некоја добронамерна критика за вашето работење или однесување, вие веднаш пламнувате и сметате дека некој само ви кажува како да ги направите нештата на негов начин.
12. Самите себеси си поставувате високи стандарди
Точно знаете што сакате во животот и вложувате огромен труд за да го постигнете тоа. Одбивате да се задоволите со помалку од она кое сте го зацртале, а токму тоа е причината зошто на моменти имате чувство дека животот е неверојатно тежок.
М. С. | Црнобело