Цитати на Мајка Тереза кои ќе ве замислат
Мајка Тереза е синоним за љубовни вибрации и бескрајна добрина, бидејќи самата таа била исполнета со љубов кон сите луѓе и се обидувала на сите да им направи добро без разлика што добивала за возврат.
Мајка Тереза ќе се памети уште долго време бидејќи имала разбирање за сите луѓе, но не очекувала секој да ја разбере неа, тоа е она што ја впишало во светската историја.
Ова се дел од нејзините цитати кои сигурно ќе ве замислат.
Човекот е неразбран, нелогичен и себичен. Не е важно – сакај го!
Ако правиш добро тоа ќе го припишат во твоите себични цели. Не е важно – прави добро!
Ако ги оствариш целите свои, ќе најдеш лажни пријатели и искрени непријатели. Не е важно – остварувај ги своите цели!
Доброто што го правиш, утре ќе биде заборавено. Не е важно – биди искрен!
Чесноста и искреноста ќе те направат ранлив. Не е важно – создавај!
Ако им помагаш на луѓето, можеш лошо да поминеш. Не е важно – помагај им!
Ако на светот му го даваш најдоброто од себе, тој ќе ти возврати со удари. Не е важно – давај го најдоброто од себе!