Носат пелени за време на летови и уште 7 забавни факти за астронаутите
Кога се на Меѓународната вселенска станица, времето за астронаутите минува малку побавно бидејќи се движат со брзина од 28.000 километри на час.
Пред 60-тина години, луѓето мислеле дека е невозможно да лансираат човек во вселената. Но, денес веќе се зборува и за лет до Марс со екипаж.
Оттогаш науката напреднала многу, а инженерите нашле навистина креативни решенија за проблемите со кои се соочуваат астронаутите.
Неколку факти за животот на астронаутите:
Не можат да користат обично пенкало, но ни молив
Во вселената, обичните пенкала не функционираат бидејќи во отсуство на гравитација, мастилото не стигнува до врвот на пенкалото.
Од друга страна, користењето молив во Меѓународната вселенска станица може да биде опасно.
Со пишувањето, честички од графитот се ослободуваат во околината, па може да завршат во скапата и чувствителна опрема и да ја оштетат.
Па, тие користат „вселенски пенкала“ во кои мастилото е под притисок, па нема потреба од гравитација.
Постои сладолед за астронаути
Сладоледот што јадеме на Земјата не е погоден за Меѓународната вселенска станица, најмногу бидејќи непотребно ќе се троши енергија за да биде замрзнат.
Поради ова, во 1960-тите бил развиен посебен, „вселенски сладолед“.
Овој сладолед е замрзнат со посебен процес кој го дехидрира, па тој си ја задржува формата и кога е на собна температура.
Но, сладоледот воопшто не им се допаднал на астронаутите, главно поради текстурата.
Па, денес не го испраќаат во вселената, но се продава во продавниците за сувенири на НАСА и некои научни музеи низ САД.
Астронаутите мора да знаат да пливаат
За да се подготват за вселенските мисии, астронаутите неретко вежбаат во огромни базени кои донекаде имитираат микрогравитација.
А, кога тренираат, на себе ја носат тешката опрема.
Што значи, мора да знаат да пливаат и да нуркаат пред воопшто да почнат со тренингот.
Носат пелени за време на летови и вселенски прошетки
За да стигнат до Меѓународната вселенска станица, на астронаутите им се потребни најмалку четири часа.
Некогаш и повеќе, во зависност од леталото.
Бидејќи не смеат да ги напуштат седиштата додека трае летот, мораат да носат пелени.
Истото важи и за вселенските прошетки – влегувањето и излегувањето од станицата (или леталото) е процес кој трае, па не можат да отидат во тоалет кога било.