Во сите има метал од Ајфеловата кула – Факти за медалите за Олимписки игри 2024

Хексагонот на медалите е направен од парче железо од Ајфеловата кула, додека на задната страна е прикажан стадионот каде се одржале првите Олимписки игри во модерната историја.

vo-site-ima-metal-od-ajfelovata-kula-fakti-za-medalite-za-olimpiski-igri-2024-01.jpg

Вчера (27.07) официјално започнаа Олимписките игри, а за учесниците, секако, најважни се олимписките медали.

За секои Олимписки игри се дизајнираат нови златни, сребрени и бронзени медали, неретко инспирирани од историјата и културата на државата која е домаќин на настанот.

Неколку факти за овогодишните олимписки медали:

Во секој медал има железо од Ајфеловата кула

Ајфеловата кула, која е главното обележје на Париз, е градена во периодот 1887-1889 година.

Оттогаш до денес, кулата била реновирана неколкупати, а при овие реновирања, некогаш се отстранувале метални делови од неа за да бидат заменети со нови.

Старите делови, секако, не се фрлаат, па се искористија за олимписките медали.

Како што пишува на официјалниот веб-сајт на игрите:

„Овие автентични делови од Ајфеловата кула кои се важен дел од париската и француската историја, повторно ќе доживеат слава“.

vo-site-ima-metal-od-ajfelovata-kula-fakti-za-medalite-za-olimpiski-igri-2024-03.jpg

Дизајнирани се од Louis Vuitton

Модната куќа Louis Vuitton стои зад дизајнот на медалите.

Односно, медалите се дизајнирани од фирма во сопственост на модната куќа која изработува накит повеќе од 200 години.

vo-site-ima-metal-od-ajfelovata-kula-fakti-za-medalite-za-olimpiski-igri-2024-04.jpg

Златните медали не се изработени од чисто злато

Иако во минатото златните медали се изработувале од чисто злато, денес се користи сребро.

Односно, и златните и сребрените медали се направени од сребро, но на златните се додава слој чисто злато.

Бронзените медали, пак, се изработени од мешавина на бакар, цинк и алуминиум.

Направени се околу 5.000 медали за овогодишните игри.

vo-site-ima-metal-od-ajfelovata-kula-fakti-za-medalite-za-olimpiski-igri-2024-02.jpg

Хексагонот е инспириран од Ајфеловата кула

Во средината на медалите има хексагон кој, според веб-сајтот на Игрите, е формата во која се лиело железото за Ајфеловата кула.

Истовремено, формата на Франција наликува на хексагон, па ова е уште една симболика.

Токму хексагонот е направен од железото што било дел од Ајфеловата кула.

vo-site-ima-metal-od-ajfelovata-kula-fakti-za-medalite-za-olimpiski-igri-2024-05.jpg

Задната страна прикажува дел од историјата на Олимписките игри

Како и секогаш, и овој пат на задната страна на медалот е прикажана сцена инспирирана историјата на Олимписките игри.

Ваква сцена првпат имаше на олимписките медали во 2004 година, кога Игрите се одржуваа во Грција.

Годинава, на медалот е прикажан стадионот Panathenaic во Атина, каде во 1896 година се одржале првите меѓународни Олимписки игри во модерната историја, па познати се и како први Олимписки игри.

Во заднина се гледа и Аркополот во Атина, а од другата страна ја има Ајфеловата кула.

Во преден план е грчката божица на победата – Нике.

vo-site-ima-metal-od-ajfelovata-kula-fakti-za-medalite-za-olimpiski-igri-2024-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
На 32 години беше во врска со тинејџерка, зависник е од видеоигри: Факти за Хенри Кавил Актерот Хенри Кавил е вистински „чудак“ - зборува 9 јазици, а мачи мака со амери...
Го натера чичкото на Елизабета да се откаже од тронот, наводно била нацистички шпион: Скандалите на ... Поради абортус не можела да има деца, ги изневерувала тројцата  сопрузи и н...
Шпекулации за љубовна врска со Шакира, родителите му се славни бодибилдери: Што знаеме за Алфи од Em... Беше доволно само кратко појавување во една епизода на Emily in Paris, за Лусиен...
8 инспиративни цитати од светски шампиони: „Златните медали не се направени од злато туку од пот и и... „Можам да живеам со поразот. Но не можам да се помирам со фактот да се откажам п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg