8 инспиративни цитати од светски шампиони: „Златните медали не се направени од злато туку од пот и истрајност“
„Можам да живеам со поразот. Но не можам да се помирам со фактот да се откажам пред да пробам да постигнам нешто“ - Сања Ричардс-Рос, атлетичарка со 5 медали на Олимпијадите и 8 медали на Светските првенства.
За да се биде најдобар во кој било спорт потребни се многу жртви, истрајност, упорност, храброст да се кренете кога ќе паднете и да се исправите пред новите предизвици.
Токму ова го искусиле многу светски спортисти „на своја кожа“. Тие своето искуство го пренеле преку моќни мисли.
Ова се 8 инспиративни цитати на светските шампиони:
Ерни Бенкс, еден од најдобрите бејзбол играчи на светот
„Единствениот начин да докажеш дека си добар спортист е да загубиш“.
Надја Команечи, романска гимнастичарка која има 3 олимписки злата
„Не бегам од предизвикот затоа што се плашам. Напротив, трчам кон него, бидејќи единствениот начин да се ослободиш од стравот е да го ставиш под своите нозе“.
Габи Даглас, американска гимнастичарка со 3 олимписки златни медали
„Тешките денови се најдобри, бидејќи тогаш се создаваат шампионите“.
Сања Ричардс-Рос, американска атлетичарка со 5 медали на Олимпијадите и 8 медали на Светските првенства
„Можам да живеам со поразот. Но не можам да се помирам со фактот да се откажам пред да пробам да постигнам нешто“.
Мухамед Али, еден од најдобрите боксери на сите времиња
„Тој што не е доволно храбар да ризикува, нема да постигне ништо во животот“.
Били Џин Кинг, тенисерка со 39 титули
„Шампионите не престануваат да се натпреваруваат додека не успеат“.
Вилма Рудолф, најбрзата жена на светот во 1960-те и „сопственик“ на олимписки рекорд
„Верувајте ми, наградата не е толку значајна ако не се помачите за неа“.
Ден Гебл, еден од најголемите борачи на сите времиња и олимписки шампион
„Златните медали, реално, не се направени од злато. Тие се направени од пот, истрајност и храброст“.
А. Ј. | Црнобело