Факти за Деми Ловато - се прогласи за небинарен род, „зборува“ со вонземјани
Се прејадувала, па се изгладнувала
Проблемите со нарушување во исхраната почнале уште кога Деми имала осум години.
Во 2011-та, таа откри дека компулсивно се прејадувала, а истовремено се мразела себеси бидејќи на училиште ѝ викале дека е дебела.
Подоцна, пак, се изгладнувала.
„Настапував на концерти со празен стомак. Можев да изедам само залак-два од чинија полна со храна. Кога почнаа да ме тераат да јадам, сфатив дека можеби имам сериозен проблем“.
Во 2018-та се предозира
Извесен период пејачката успешно се држеше настрана од пороците, сè до 2018 година.
Во јули истата година, Деми се предозира со хероин. Нејзините пријатели ја пронашле на подот и, најверојатно, на тој начин ѝ го спасиле животот.
Две години подоцна, Деми се отвори за инцидентот во кој речиси умре. Тој период пејачката повторно се соочувала со нарушување во исхраната, па посегнала по дрога.
„Побарав помош од мојот тим, но не ја добив. Бев трезна и си мислев ’Шест години сум трезна, но сум мизерна. Помизерна сум и од периодот кога пиев. Зошто сум трезна?‘“
Па, пејачката почнала да пие и потоа отишла на забава каде што имало дрога.
Веројатно целиот живот ќе има проблеми со менталното здравје
Откако почна отворено да зборува за менталното здравје и зависностите, Деми изјави дека најверојатно целиот живот ќе ја води оваа битка.
„Нема слободен ден кога се справувате со ова. Некогаш само чекам да поминат деновите, некогаш ги бројам и часовите“.
Сепак, таа истакнува дека не им дозволува на негативните мисли да ја надвладеат како претходно. И, во лошите денови, само пробува да биде благодарна што ги преживеала сите трауми.
Се прогласи за небинарен род
Пред година-две, Деми изјави дека е небинарен род, односно дека не е ниту машко ниту женско.
Сепак, во 2022-ра, таа му „се врати“ на женскиот род, изјавувајќи дека нејзиниот род е флуиден.
„Јас сум флуидна личност која станува збор за мојот род, мојата сексуалност и мојата музика. Не мора да значи дека се чувствувам како жена, ниту како маж. Јас се чувствувам како човечко битие“.
Пробува да стапи во контакт со вонземјани
Во 2021-ва, Деми го подели мислењето на јавноста со нејзината документарна серија Unidentified.
Во серијата, Деми посетува разни локации низ САД и пробува да стапи во контакт со вонземјани.
Пејачката дури изјави и дека зборот „вонземјанин“ е навредлив за вонземјаните.
Спирова С. | Црнобело