Факти за Деми Ловато - се прогласи за небинарен род, „зборува“ со вонземјани
Деми Ловато почнала да користи дрога и алкохол поради притисок од пријателка која ја убедила дека само така ќе може да има пријатели. Оттогаш, пејачката не само што беше во ментална установа, туку и се предозира со хероин и речиси го загуби животот.
Деми Ловато е една од најпознатите пејачки на денешницата, а кариерата ја започна уште во детството.
Но, за жал, поради огромниот успех од рана возраст, Деми помина вистинска голгота во приватниот живот.
Покрај проблемите со менталното здравје, 30-годишната пејачка речиси го загуби животот кога се предозира во 2018-та.
Сепак, Деми успеа да ги надмине проблемите и повторно да застане на нозе, а денес лошите денови се зад неа.
Неколку факти за младата ѕвезда:
Вистинското име ѝ е Деметрија
Деми, чие вистинско име е Деметрија Девон Ловато, е родена на 20 август 1992 година во Ново Мексико.
Таа има три сестри, од кои најстарата е исто така пејачка.
Мајка ѝ, пак, е поранешна кантри пејачка.
Почна да глуми на 10-годишна возраст
Уште во детството, Деми глумела во театарски претстави, а на само 10 години ја доби првата улога во детската телевизиска серија Barney & Friends.
Во 2007 година, таа почна да соработува со Disney Channel и ја имаше главната улога во неколку тинејџерски филмови.
Во 2008-ма го издаде првиот албум кој веднаш стана хит и со тоа ја лансира нејзината музичка кариера.
Нејзиниот татко бил насилен
Деми неколкупати има зборувано за нејзиниот биолошки татко – Патрик Ловато – истакнувајќи дека имал проблеми со зависност и бил насилен.
Тој честопати ја удирал мајка ѝ, па таа го напуштила кога Деми имала околу една година.
Патрик почина во 2013 година од рак, а Деми изјави дека не била сигурна што чувствува во тој момент. Таа напиша и песна за него, насловена Father (татко).
Има биполарно нарушување
За време на турнеја со Jonas Brothers во 2010-та, се случил инцидент во кој наводно имало и насилство од страна на Деми.
Таа зажалила за своите постапки, па набрзо потоа побарала помош од професионалец.
Подоцна пејачката откри дека била во установа каде што ѝ дијагностицирале биполарно нарушување. Истовремено, пејачката имала и нарушување во исхраната.
Првпат пробала кокаин на 17 години
Во 2017-та, Деми самата откри дека почнала да користи дрога и алкохол на многу рана возраст, и тоа бидејќи пријателка ѝ рекла дека ова е единствениот начин да стекне пријатели.
Деми првпат пробала кокаин на 17 години.
„Немав контрола откако првпат пробав кокаин. Татко ми беше зависник и алкохоличар, па веројатно отсекогаш ме интересирало што е тоа кај дрогата и алкохолот што го исполнува толку многу“.