Им пее на вонземјани, тврди дека ги навредуваме и се дружи со Парис Хилтон – фановите загрижени за Деми Ловато (фото+видео)
- Детали
- четврток, 14 октомври 2021
Деми Ловато бара вонземјани низ САД, им пее песни и тврди дека зборот „вонземјанин“ е навредлив за нив, а деновиве минува време и со нејзината добра пријателка Парис Хилтон - фановите се загрижени дека не добива вистинска нега по предозирањето и трите мозочни удари.
По контроверзиите со документарецот во кој бара вонземјани и изјавите што ги загрижија фановите, Деми Ловато беше забележана во Холивуд со Парис Хилтон.
Деми и Парис се знаат со години, а богатата наследничка и отворено ја покажуваше својата поддршка во најтешките мигови од животот на пејачката.
Деми (29) носеше долга карирана кошула, црни хулахопки и црни чизми, а Парис (40) одбрала жолт фустан во комбинација со жолти очила и црни ракавици, чизми и чанта.
Потоа ѕвездите беа фотографирани и во автомобилот на Парис со холографска боја, направен специјално за неа.
Периодов Деми Ловато сними краток документарен серијал во кој патува низ САД и бара вонземјани. Серијата беше премиерно прикажана на крајот од септември, а во една од епизодите Деми тврди дека стапила во контакт со вонземјани, па дури и им пее.
Инсертот од документарецот е направен со камера за ноќно снимање и можеме да ја видиме Деми во просторија со уште двајца мажи.
Во собата има и уред кој испушта звук, а Деми тврди дека секое „титкање“ што го прави уредот е всушност вонземјанинот со којшто стапила во контакт.
Пејачката му поставува прашања на уредот (односно вонземјанинот), а на крај дури и му го пее нејзиниот хит Skyscrapers. Кога завршува со изведбата, уредот почнува да титка, а пејачката само вели:
„Зарем има нешто подобро од овација од вонземјани?“
Пејачката самата го сподели инсертот на Твитер, а од коментарите е јасно дека фановите се многу збунети, па дури и загрижени за нејзината состојба.
What’s better than a standing ovation from ETs? I’ll wait… 👽
— Demi Lovato (@ddlovato) September 30, 2021
My new show #UnidentifiedwithDemiLovato is streaming NOW on @peacockTV! ✨ pic.twitter.com/F08x8SiHkI
Кратко по емитувањето, пејачката даде интервју за Pedestrian каде што зборува за серијалот и нејзиното искуство со вонземјани.
„Отсекогаш сум верувала дека се реални. И само си помислив дека сум во период кога пробувам нови нешта. Ова ми се чинеше како природниот следен чекор.
Сакав да снимам сè што се случува и да одам да ги најдам овие вонземјани за и моите фанови да можат да ми се придружат“.
Она што најмногу ја шокира јавноста од интервјуто на Деми е нејзината изјава дека зборот „вонземјани“ е навредлив за вонземјаните.
„Мислам дека треба да престанеме да ги нарекуваме вонземјани бидејќи тоа е навредлив збор за што било. Затоа јас ги нарекувам E.T.“
Е.Т. е всушност кратенка од англискиот збор „extraterrestrial“. На македонски, зборот може да се преведе како „вонземски“, некогаш се користи и „екстратерестријален“, а се однесува на нешта што не се од нашата планета.
Деми вели и дека сите места што ги посетиле за снимањето имале нешто чудно.
„Се случуваше по нешто во сите градови што ги посетивме. И тоа не само вонземјани, туку и други паранормални појави“.
Во целата ситуација, фановите се загрижени за состојбата на Деми, најмногу поради ваквите шокантни изјави.
Многумина сметаат дека таа не ја добива потребната нега и дека не е опкружена со луѓе кои вистински се грижат за неа по предозирањето што ѝ предизвика три мозочни удари и инфаркт.
Некои, пак, вклучувајќи го и познатиот астроном Нил Деграс Тајсон, се шегуваат на нејзина сметка.
„Сите вонземјани што сум ги сретнал – немале чувства. Да бидеш загрижен дека ќе ги навредиш оти ги нарекуваш вонземјани… Што се случува во главата на живото суштество од друга планета? Јасно ми е дека е загрижена. Но… навистина?“, изјави астрономот.
Во продолжение трејлерот за краткиот серијал на Деми:
Спирова С. | Црнобело