„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џон Траволта

„Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - цитати од холивудската ѕвезда Џон Траволта за животот, љубовта, семејството, вербата во себе.

zhivotot-pochnuva-vo-triesettite-koga-vekje-ne-mora-da-barate-izgovori-za-sebe-inspirativni-citati-od-djon-travolta-01.jpg

Актерот Џон Траволта, еден од омилените на многу генерации, со своите изјави низ годините често беше инспирација за своите обожаватели.

Се прослави со филмовите „Grease“ и „Saturday Night Fever“, а по долга пауза блесна во „Pulp Fiction“, филм кој повторно го направи еден од омилените ликови во Холивуд.

zhivotot-pochnuva-vo-triesettite-koga-vekje-ne-mora-da-barate-izgovori-za-sebe-inspirativni-citati-od-djon-travolta-povekje-04.jpg

Цитатите и животните правила на Џон Траволта се извлечени од неколку интервјуа.

Меѓу другото, тој одговори и на прашањето: „Што ќе мислат и кажат другите луѓе за мене?

„Одамна научив да се држам настрана од колумните со озборувања и критики. Таквото ѓубре само ги уништува нервите, а познавам актери кои читаат сè што е напишано за нив и живеат во агонија. Изберете што ќе дозволите да влезе во вашиот живот“.

zhivotot-pochnuva-vo-triesettite-koga-vekje-ne-mora-da-barate-izgovori-za-sebe-inspirativni-citati-od-djon-travolta-povekje-02.jpg

Во продолжение прочитајте дел од цитатите и животните правила на актерот Џон Траволта:

„Имав многу причини да станам циник, но не станав“.

„Некое време, премногу често кажував не. Одбив да играм во познати филмови. Наместо да работам, уживав во животот - научив да летам со авиони, отидов на сафари во Африка, отпловив на Карибите. Не можам да кажам дека се каам“.

„Сите стереотипи ги испратив во пеколот пред дваесет години, па не ми е гајле за нив“.

„Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“.

zhivotot-pochnuva-vo-triesettite-koga-vekje-ne-mora-da-barate-izgovori-za-sebe-inspirativni-citati-od-djon-travolta-povekje-03.jpg

„Животот навистина почнува да се обликува во триесеттите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“.

„Кога сум долго време далеку од семејството се чувствувам ужасно осамено. Како оние години кога сè уште бев ерген. И не ми се допаѓа тоа чувство на осаменост и страв“.

„Некои луѓе доаѓаат на овој свет со толку многу знаење што е тешко да се поверува дека тие живеат за првпат“.

271141000_651015226033993_2989730586019844100_n_1.jpg

„Единствениот филм што би го режирал би бил некој краток филм во кој би ја опишал мојата љубов кон небото“.

„Не дозволувајте лесно да ви го земат срцето. Луѓето треба да се потрудат за да го добијат“.

„Како што старееш мора да почнеш да си создаваш нови соништа. Мораш да најдеш нови страни од животот, работи што ти се забавни за да не ти е здодевно“.

41392473_2302629223112975_6593006922623066667_n.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Родена е во Шпанија, ја мрази скиентолошката црква – Факти за градоначалничката на Париз „Јас сум функционер избран од народот, а не модел“, изјави Ен Идалго, градоначал...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg