„Да имав соодветна пракса во средно, ќе знаев полесно на кој факултет да се запишам”

Оние кои сè уште не знаат „што сакаат да бидат кога ќе пораснат”, бираат гимназии, останатите се насочуваат во средно стручно образование со надеж дека ќе ја имаат потребната пракса за да се оформат во она што сакаат. За жал, нашиот македонски систем не го нуди тоа.

Da-imav-soodvetna-praksa-ke-znaev-tocno-na-koj-fakultet-da-se-zapisam-01.jpg

Изборот на средно училиште е тешка одлука. Како за децата, така и за родителите.

Пубертет, „бубачки“ во главата, избор на училиште според тоа каде ќе се запишува друштвото, додека родителите очајно во потрага по подобро образование и правилни вредности за насочување кон вистинскиот пат.

Тоа е патот што води кон создавање на личност која треба да се вклопи во општествената средина преку едукација и утре да стане дел од работната етика, дисциплина и ред.

Оние кои сè уште не знаат „што сакаат да бидат кога ќе пораснат”, бираат гимназии, останатите се насочуваат во средно стручно образование со надеж дека ќе ја имаат потребната пракса за да се оформат во она што сакаат.

За жал, нашиот македонски систем не го нуди тоа.

Практичната настава е сведена на губење часови, недостиг на материјали, запуштени училници за практични предмети, застарени техники и недостиг на идеја за реализација.

Da-imav-soodvetna-praksa-ke-znaev-tocno-na-koj-fakultet-da-se-zapisam-02.jpg

Па така, и најсовесниот ученик желен за знаење, ја губи надежта.

„Да имав соодветна пракса, ќе знаев полесно на кој факултет да се запишам”- е прониклива мисла која поминува кај секој средношколец.

Занаетот не се смета за вештина и работа. Денес секој завршува факултет. Не затоа што сака, туку затоа што очигледно мора.

Оние кои не го пронашле патот во гимназиските клупи, се запишуваат на економски и правен факултет, па така државата е преполна со преквалификуван кадар, млади луѓе кои учеле со љубов, но со текот на времето се разочарале од системот.

Da-imav-soodvetna-praksa-ke-znaev-tocno-na-koj-fakultet-da-se-zapisam-03.jpg

Веќе сите сакаат да бидат ИТ администатори и инженери, затоа што „таму биле парите”, ама не секој може да го заврши тој факултет, па решаваат да уплатат брзи курсеви за информатика и програмирање.

Па, ќе сретнеш млади кои славно ги завршиле факултетите кои ги учеле зошто морале, па сега не можат да најдат работа по струка или едноставно тоа не ги влече.

Недостигот на пракса во средношколски денови не дозволува секој млад човек да се пронајде во системот, да види за што е надарен и што е она што ќе треба да го работи еден ден за да заработи.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

фото: pixabay.com; pexels.com

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Ученици му се смееја на професорот за погрешниот одговор, а тој им одржа животна лекција Професор им одржа животна лекција на своите ученици: „И да направите милион добр...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
„Степ дринк“, „Симче“ - Производи кои им будат носталгија на сите што пораснаа во едно поинакво врем... Ако сте оделе во училиште на почетокот на 2000-тите години и на крајот на 90-тит...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg