Шири, шири, весели пешкири
Кога бевме деца и требаше да се игра жмурка или да се најде некаква занимација на улица, постоеja неколку броенки кои сиtе ги знаевме од А до Ш, а веруваме и дека ден денес ќе се сетите на нив.
За да ја освежиме вашата меморија и да се сетите на убавите детски денови, успеавме да склопиме десетина од најкористените детски броенки:
1. Падна бомба од небото, па удари баба меца, тече гној, тече крв, кој искочи тој е прв!
2. Шири,шири,
весели пешкири,
боса ја, боса ти,
окрени се сега ти!
3. Компанија, месо боранија.
Стара Југославија,
нова Македонија.
Славејчето пее
Тито да живее,
кукавица кука
Хитлер да испука.
4. Топчето ми падна,
Калина го грабна.
Дај ми го Калино,
не ти го давам,
ќе го продадам
за два гроша,
Калина е лоша.
5. Апче бапче,
печено ќебапче.
Риба штука,
мани се ти од тука.
6. Том и Џери,
Пинк Пантери.
То сам ја, ја, ја,
то си ти, ти ти,
то сам ја, то си ти,
заједно сме ја и ти.
7. Ринге, ринге, раја
дошол чичко Паја,
па понео јаја.
Едно јајце муч,
сите деца чуч.
8. Ени, мени, сени,
сени чоколада,
бур, бур лимонада,
ако нејќеш лимонада
ќе ти дадам чоколада,
ако нејќеш чоколада
ќе ти дадам лимонада ...
9. Балонот се надууува,
пазете се децаа,
балонот да не пукне.....
Пауу!!!
10. Еци пеци, пец
ти си мали зец,
а ја мала верверица,
еци пеци, пец ...