Македонец на плажа

Едно старо, ама добро текстче, таман пред да почнеме да се среќаваме по плажи. Вреди да споделите, за да се знае кој е главен на плажа.

makedonec-na-plaza-001.jpg

Ако сте летувале во место каде одат голем број Македонци, сигурно ќе препознаете барем некој од нашите туристи во овој опис. Не се промашуваме на плажа - секогаш најгласни, најбројни, со лименки пиво и музика од телефон во наша близина.

Ајде малку да се насмееме на сопствена сметка.

Како се однесува Македонец на плажа:

1. Стани во 4 сабајле и оптегни пешкирите за да зафатиш 6 лежалки задолжително во прв ред - 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрати на плажа - 5 за пешкирот и 3 за апостолките.

3. Ќе си понесеш лаптоп, ајпод, ајфон, камера и задолжителен апарат. Треба ли да ставиш слика на Фејсбук за сите да знаат кај си. Нормално дека треба.

4. Ако немаш чадор за сонце, намести се така што чадорот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале. И нормално, ако планираат да го поместуваат, да – треба да почнеш да ц'цкаш и да префрлаш индиректно.

5. За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купаќи. Деца се.

6. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

7. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е вистински родител.

8. Задолжително купете од крофните што ги шитка крофнарот и ги допекува на сонцено цел ден. Освен крофна без лубеница на плажа не се може, а корите да се остават покрај кантата. И праските исто. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата.

9. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е госпоѓа на плажа.

10. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Србија која лежи 5 лежалки подалку од твојата.

11. Ако не ти е сменета постелнината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.

12. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол-инклузив!

13. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси и хистерично да се дерат. После да заспијат поубаво.

14. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Македонија, па не се слуша. Обавезно раскажи кај сте, што праите, колку ви е јако.

15. Купачите најубаво се сушат оптегнати на чадорот за сонце горе.

16. Шведската маса е за да земеш од сè и најдобро во иста чинија - кој вика дека не идат риба и баклава?

17. Не си бил на море ако не купиш оригинална Луј Витон ташна на плажа.

18. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

Би можело да ве интересира:

Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
„Со сопругот толку бевме фокусирани на децата, што заборавивме на нашиот брак“ Јас и сопругот толку бевме фокусирани на грижата за нашите деца, што заборавивме...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg