Разлики меѓу мажите и жените
Се сакаме и се караме. Но, едно е сигурно – едни без други не можеме. Во кои значајни нешта се разликуваат мажите и жените?
1. Прекари
Ако Маријана, Катерина и Емилија седат на кафе, една на друга ќе се обраќаат со Маре, Кате и Еми...
Ако Тони, Драган и Дејан гледаат натпревар и пијат пиво, ќе си се обраќаат со брат, дебел, главуч...
2. Пари
Маж ќе даде 500 денари за нешто што чини 50 денари, само ако тоа навистина му треба.
Жена ќе плати 50 денари за нешто што чини 500 денари, иако тоа воопшто не и треба, но важно е дека била на распродажба.
3. Бања
Мажот има 5 работи во купатилото: четка за заби, паста за бричење, брич, сапун и пешкир.
Просечен број на предмети кои жените ги чуваат во бањата се 337, од кои поголем број се вистинска мистерија за мажите.
4. Расправии
Жените го имаат последниот збор во секоја караница.
Што и да каже мажот после тоа, е почеток на нова расправија.
5. Гардероба
Жените се дотеруваат кога одат во шопинг, кога фрлаат ѓубре, кога се јавуваат на телефон, читаат книга, или ги поливаат цвеќиња.
Мажите се дотеруваат за свадби.
6. Брак
Кога стапува во брак, жената очекува нејзиниот партнер да се промени.
Кога мажот стапува во брак, тој очекува дека неговата драга ќе се промени.
(Двајцата не се во право)