„На тато анонимно му стигнаа пари за да ни купи подароци“ – Божиќни приказни кои ќе ви го стоплат срцето

Новогодишните празници со себе носат посебна магија. Едноставно, овој период од годината поседува чудесна моќ која ги сплотува луѓето.

Dedo-Mraz-e-vo-sekoj-od-nas-Bozhikjni-prikazni-koi-sosema-kje-vi-gi-stoplat-srcata 01 630x330.jpg

Во секого од нас се крие по еден Дедо Мраз, доволно е само да се обидеме да го пронајдеме, зарем не?! 

Потребно е толку малку за да усреќиме некого. Желбата е онаа којашто нѐ поткренува.

Во продолжение ви ги издвојуваме најубавите божиќни приказни на кои наидовме, а ќе ве облијат со топлина и едно е сигурно: никако нема да ве остават рамнодушни.

Нека овие прекрасни приказни бидат инспирација за многумина од нас. Оваа студена зима, бидете причина за нечија насмевка.

„Непознатиот Дедо Мраз“

Се сеќавам како да беше вчера. Имав околу 10 години кога моето семејство навистина „потклекна“ финансиски. Неколку дена пред Божиќ, околу шест часот некој затропа на нашата врата. Татко ми отиде да отвори и за брзо се врати со малечка кутија во рацете, завиткана со украсна хартија, секако во божиќен дух.

Сите нетрпеливо седнавме на масата, во исчекување да видиме што се крие внатре. Кога ја отвори, имаше што да види... На врвот од малечката кутија се наоѓаше бел лист, на којшто беа испишани имињата на моите браќа и сестри и подароците коишто всушност тие желно ги исчекуваа.

Секако, вклучувајќи ја и мојата желба. Исто така, на крајот од листот пишуваше: „Остатокот е за подмирување на сметките и за поправка на автомобилот“. Татко ми одеднаш извика: „Но, како?! Ова се многу пари!“ Верувале или не, 12 години подоцна сѐ уште не знаеме кој стои позади ова хумано дело, не успеавме ни да се заблагодариме, но едно е сигурно: во светот и тоа како постојат луѓе со огромно срце!

Dedo-Mraz-e-vo-sekoj-od-nas-Bozhikjni-prikazni-koi-sosema-kje-vi-gi-stoplat-srcata 02 630x364.jpg

„Магична прегратка“

На мојата улица имаше еден бездомник кој спиеше во нашата локална перална. Навистина не можам да објаснам што ме натера, но едно дамнешно божиќно утро се разбудив, како струја истрчав во спалната на моите родители и извикав: „Мамо, може ли денес да зготвиме за чичко Томи?!“

Се разбира, мајка ми се согласи и веднаш започнавме со подготовките. Таа готвеше превкусно, но сепак ми дозволи и јас да се приклучам во кулинарското „шоу“. Откако спакувавме сѐ, топлиот оброк го „зачинивме“ со прекрасна црвена панделка, која за мене ја претставуваше бојата на Дедо Мраз.

Секојпат кога ќе се присетам на реакцијата на добриот чичко Томи, моите очи веднаш се насолзуваат. Никогаш не сум почувствувала поискрена и потопла прегратка. Дефинитивно, овој момент претставува еден од моите омилени детски спомени и е веројатно една од главните причини поради којашто денес сум социјален работник.

Dedo-Mraz-e-vo-sekoj-od-nas-Bozhikjni-prikazni-koi-sosema-kje-vi-gi-stoplat-srcata 03 630x380.jpg

„Божиќ со мама“

Го пишувам овој текст кога мојата самохрана мајка, за жал не е помеѓу нас. Јас сум еден од седумте деца кој поради многубројните домашни и работни обврски на мама, чувствував дека сум ѝ помалку важен од останатите.

Секако, незрела констатација на дете коешто е желно за внимание. Секој Божиќ одевме на вечера кај нашата тетка Сема, но токму тој ден јас се разболев. Мојата најстара сестра ги зеде останатите браќа и сестри и тие полека заминаа, а мама остана да се грижи за мене.

Се сеќавам како лежев на каучот под елката, а таа тивко ги пееше моите омилени божиќни песни. Во тој момент постоевме само таа и јас. Никогаш нема да ја заборавам таа прекрасна вечер. Замислете, дури ми дозволи порано да го отворам мојот подарок. Мамо, недостигаш да ми запееш и овој Божиќ.

Dedo-Mraz-e-vo-sekoj-od-nas-Bozhikjni-prikazni-koi-sosema-kje-vi-gi-stoplat-srcata 04 630x380.jpg

„Училишен Божиќ“

Никогаш не сум била дете коешто бара премногу. Веројатно, затоа што знаев во каква состојба се наоѓаат моите родители. Иако бев мала, навистина брзо ги согледував работите. Но, таа година од дното на мојата душа посакував и јас да ја почувствувам божиќната магија.

Секоја вечер, тајно се молев за истото и силно верував. Последниот училишен ден пред распустот, во училиште ме дочека вистинско чудо. Очите едноставно не можеа да си ја поверуваат глетката. Моите соученици, заедно со сите наставници организирале божиќна забава, само за мене.

Имаше толку многу храна, подароци и облека... Солзите брзо се тркалаа низ образите на мојата мајка. И јас заплакав. Но, тоа беа најсреќните солзи кои некогаш сум ги пролеала. Во истото училиште токму денес ги запишувам моите две ќерки. Засекогаш благодарна.

Dedo-Mraz-e-vo-sekoj-od-nas-Bozhikjni-prikazni-koi-sosema-kje-vi-gi-stoplat-srcata 05 630x406.jpg

„Божиќна серенада“

Кога бев мал, дедо ми се бореше со тешка болест. Дури сега знам дека станува збор за тој проклет рак... Тој и баба ми беа премногу исцрпени од сите потешкотии со кои се сносуваа претходните месеци, за да можат да го издржат двочасовното возење и да пристигнат кај нас за Божиќ.

Затоа, мајка ми организираше сите ние, вклучувајќи ги и моите братучеди, тетка и чичко, заедно да појдеме во нивната куќа и да ги изненадиме. Навистина беше смешно што на минусните температури, цела толпа на луѓе, големи и мали, стоевме надвор под нивниот прозорец и пеевме божиќни песни.

Никогаш нема да го заборавам изгледот на лицето на баба, кога ги повлече завесите за да види што се случува надвор. Дедо ми почина еден месец подоцна, но таа секогаш велеше колку е благодарна што не заборавивме на него и дека тој бил неговиот најсреќен Божиќ.

Dedo-Mraz-e-vo-sekoj-od-nas-Bozhikjni-prikazni-koi-sosema-kje-vi-gi-stoplat-srcata 06 630x424.jpg

Мила М. | Црнобело / Фото: pixabay freepik

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg