Живот во 21 век
Што ни направи технологијата, интернетот и глобализацијата? Неколку факти и показатели кои ќе ви покажат и докажат дека вие живеете во 21 век.
По што ќе познаеш дека живееш во 21 век:
1. Несвесно го типкаш пин-бројот на микробрановата.
2. Веќе со години не си играл пасијанс со вистински карти.
3. Имаш листа од 15 телефонски броеви, за да разговараш со своето семејство, кое брои 3 члена.
4. Му праќаш е-маил на колегата кој седи до тебе.
5. Си изгубил контакт со пријателите, бидејќи немаат е-маил адреса.
6. По напорниот ден стигнуваш дома и се јавуваш на телефон кажувајќи го името на фирмата во која работиш.
7. Бираш нула од домашниот телефон, за да те пушти понатаму.
8. Добиваш напад на паника, бидејќи си излегол од дома без мобилен телефон, и бргу се враќаш по него.
10. Стануваш наутро и прво отвораш Outlook, па вариш кафе.
11. Ја наведнуваш главата за да се насмееш.
12. Го читаш овој текст и се смееш.
13. Уште полошо, веќе знаеш кому да му го препратиш...
14. Премногу си во фрка за да приметиш дека на оваа листа недостасува бројот 9.
15. Сега се враќаш да погледнеш дали навистина го нема бројот 9 и се смееш.... е сега препраќај понатаму....