Кратка поучна приказна: „Во секој од вас има добро и зло, вие одлучете кој ќе победи“
Започнувајќи ја Тајната вечера на Христос со учениците, Леонардо да Винчи се соочил со голем проблем: требало да го наслика Доброто во Исусовиот лик и Злото – во ликот на Јуда, пријателот кој решава да го предаде за време на вечерата. Прекинал сред работата, додека да пронајде совршени модели.
Еден ден, слушајќи го црковниот собор, некое момче му се сторило како родено за ликот на Христос. Го викнал во своето ателје, па направил низа скици и студии на неговото лице.
Поминале три години. Тајната вечера била речиси готова, а Да Винчи сè уште не нашол задоволувачки модел за Јуда.
Кардиналот, одговорен за уредувањето на црквата, почнал да го притиска, барајќи веднаш да ја заврши фреската.
По долготрајна потрага, сликарот забележал некое прерано остарено момче, во партали, кое пијано лежело во ендек. Побарал од своите помошници да го однесат в црква, зашто веќе немал време да прави скици.
Парталкото го однесле таму во бесвесна состојба; помошниците го држеле на нозе, додека Да Винчи ги пресликувал цртите на безбожноста, на гревовите, на себичноста, толку впечатливи на неговото лице.
Кога завршил, скитникот – веќе подотрезнет – ги отворил очите и ја видел сликата пред себе. Со недоверба и тага во гласот, изговорил: Па јас веќе ја имам видено сликава!
Кога? – изненадено прашал Да Винчи?
Има едно три години, пред да загубам сè што имав. Тогаш животот ми беше создаден од соништа, пеев во црковниот собор и еден уметник ме викна да му позирам за ликот на Исус.
„Доброто и злото имаат исто лице: сè зависи од тоа во кој животен период ќе нè сретнат на патот“.
(Извадок од „Демонот и госпоѓица Прим“ од Пауло Коелјо)
(О)Милена | Црнобело