Убавице, убаво се продаде, но дали вредеше?!

Толку изгледаш бедно среде сиот тој луксуз... Изгледа не успеа да си ја купиш среќата, зарем не?

ubavice-ubavo-se-prodade-no-dali-vredeshe-01.jpg

Седиш во неговата сенка, секогаш, секаде. Како да имаш оштетување на ‘рбетот откако се омажи за него. Повеќе не си девојката со нескротлив дух и темперамент кој маѓепсува, што ја знаевме, сега стана само една придружничка.

Му се смееш. Постојано, на тие здодевни шеги. Тој нема манири, ниту убавина, ниту интелигенција, само наследена дебела штедна книшка од татка си. Но, ти се смееш, поблаг ти е вкусот на парите, отколку горчината во устата по секој секс со него.

Ниту те возбудува сексуално, ниту интелектуално. Си го прокоцка животот за одење до Њујорк, за џемпери од кадифе, за голем дијамант. Убав е сиот тој блесок, но некако нема вредност.

Седиш до него кога си болна и тој не те погледнува. Седиш до него кога флертува со секретарката и те прави мизерна. Седиш до него кога те потценува во друштвото затоа што ти си „голтарот“ на кој му го покажал светот. Седиш до него и изгледаш бедно среде сиот тој раскош.

Веќе не блескаш како порано. Сега сите ја знаат твојата цена. Залудно се трудиш да покажеш некоја вредност, сите се свесни дека тоа не се твои перја. Не, не си од големото друштво, колку и упорно да се убедуваш во тоа.

Секој твој потег што го правиш да се вклопиш, те прави смешна. Не ти доаѓа природно, глумиш. Се обидуваш да бидеш дел од свет во кој плати превисока цена да влезеш. Тој блескав свет како да ја казни твојата нечесна игра со тоа што ти ја затвори рампата.

Природно крзно, пури, вина со вртоглави цени. Сето тоа споено со тебе е како евтина маска. Читај повеќе за тоа, учи повеќе. Штом одлучи да бидеш негова триумф сопруга барем обиди се да се снајдеш.

Но, уште не ми е јасно како ќе живееш без љубов. Се гледа оддалеку дека не го сакаш воопшто. Се трудиш да бидеш добра сопруга, но, залудно. Очите како да ти се полни со завист за сите тие вљубени парови околу вас. Односот со него ти е студен. Секој фин потег со него како да те чини тон вложена енергија.

Да го сакаше немаше да биде така. Знаеш ти добро дека немаше да биде така. Еднаш одамна и ти знаеше искрено да љубиш. Љубеше така спонтано без правила без пресметки. Имаше покрај себе мажи чие срце ти беше убаво, чиј лик ти беше мил на душата. Па, дури и да те разочараа, тоа не е причина да се продадеш некому.

Но, кога подобро ќе размислам, ништо не е оправдување. „Парољубието“ одамна беше твоја карактерна црта. И не е тоа лошо. Но, требаше да се потрудиш сама да заработиш. Не смееше срцето и задникот да ги продадеш. Но, го стори тоа. Браво. Никогаш не си блескала повеќе, никогаш не си изгледала победно. Честитки за животната зделка.

Само се надевам дека еден ден ќе си кажеш – вредеше жртвата. До тогаш ти посакувам здравје во новата. Пари имаш. Љубов сигурно нема да ти донесе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg