Поучна приказна: Нашата среќа се наоѓа во среќата на другите луѓе
Група од 50 студенти била на еден семинар. Одеднаш говорникот застанал и им предложил една групна активност.
Им рекол сите да земат по еден балон и на него да го напишат своето име. Потоа сите влегле во една помала просторија и ги пуштиле балоните.
Добиле за задача во рок од 5 минути да го пронајдат балонот со своето име.
Настанал општ хаос. Сите се туркале и удирале во потрага по својот балон. По 5 минути никој од нив не успеал во целта.
Потоа говорникот им рекол да го земат балонот кој се наоѓа во нивна близина и да ѝ го дадат на личноста, чие име е напишано на него. По една-две минути, секој во просторијата во рака го имал балонот со своето име.
Говорникот им се обратил на сите:
„Токму ова се случува во нашите животи. Секој забрзано трага по својата среќа не знаејќи каде е, а нашата среќа се наоѓа во среќата на другите луѓе. Дајте им ја нивната среќа и дури тогаш ќе ја добиете својата. Тоа е целта на човековиот живот.“
С. С. | Црнобело