Не сакам да имам секс со човек во кој не сум вљубена

Ne-sakam-da-imam-sex-so-covek-vo-koj-ne-sum-vljubena-01.jpg

Еве што помислуваат луѓето кога ќе ја слушнат изјавата дека немате баш огромна желба да се впуштате во необврзувачки сексуални авантури:

Па ти си ненормална! Потруди се тогаш да се вљубуваш почесто, за твое добро. И ако не се заљубиш една година, ќе немаш секс една година?!

Сексот е природен, пожелен и прекрасен кога си во кревет со вистинската личност. Тоа не мора да биде личноста со која неминовно ќе кажеш ДА до крајот на животот. Но, сакам да биде со некој кого го познавам, го чувствувам близок и чувствувам привлечност кон него.

Сакам да го набљудувам начинот на кој се смее, да откривам дали е чувствителен на скокоткање, исто како што сакам и тој да почувствува како моето дишење се забрзува и како стомакот ритмично ми отскокнува од слатка возбуда и копнежливо исчекување.

Во спротивно, кога си со некој кој не ти значи апсолутно ништо или е тотален странец, сексот е чуден, по малку непријатен и да, најчесто просечен или многу, многу лош.

Животот не се оние филмски жешки сцени каде што двајца тотални странци се среќаваат во воз за прв пат и го имаат најдобриот секс во животот. И никогаш повеќе не се гледаат, ама ете, останал тој мит дека сексот бил просто одличен.

Сакам да верувам дека сме повеќе од суштества со обични животински нагони, повеќе од просечност, повеќе од само механички движења на две тела.

Сакам да верувам дека имаме потреба да се поврземе со луѓето со кои го делиме чаршафот малку повеќе. И конечно – дека сакаме повеќе од обичен, просечен, необврзувачки секс за една (или неколку) вечери.

Без осуди бидејќи не сме општество во кое се каменуваат луѓето со спротивни ставови, сепак сè зависи нормално од карактерот на личноста. Но, сексот за „една ноќ“ не завршува со гушкање и преспивање, со утринско будење покрај личноста. Најчесто завршува со брзоплето и наврапито собирање на алиштата од подот и искраднување од нечиј дом како крадец.

Меѓусебно сте си го украле сопственото време, но сте ги заштедиле емоциите. Силно сте го заклучиле срцето во кое нема место за вистинска интимност. Следното утро немаш ништо. И мора да започнеш одново, исполнета со горчина и доза каење.

На крајот од денот прашањето е чие срце колку може да издржи. Доколку сте подготвени на сите последици кои со себе ги носи необврзувачкиот секс, реално не постои некој кој може да ве спречи. Сите сме возрасни, секој одлучува сам за себе.

Само што многу почесто се чувствуваш како парче месо, како нечиј трофеј или само уште една рецка на креветот на некој, отколку како успех.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Кога личноста не е задоволна од себе и својот живот, тогаш станува злобна кон другите Личноста која не е среќна со себе почнува да станува завидлива, да се однесува д...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg