Вчера се озборуваа, денес се најдобри пријателки, утре истото одново

Ги гледам прикачиле фотографија на социјалните мрежи насмеани од шестка до шестка. Летаат срциња и коментари колку се сакаат.

vchera se ozboruvaa denes se najdobri prijatelki utre istoto odnovo 01

Да ги видиш на прв поглед небаре најдобри пријателки што срце даваат една за друга... А реалноста? Далеку од тоа!

Една за друга зад грб ги кажуваат најгнасните зборови, си ги издаваат најскриените тајни што некогаш си ги довериле, се проценуваат за нискоинтелигентни личности со сомнителен морал.

Дури и да смените тема, тие одново се враќаат да зборуваат за ДРУГАТА – лошата, никаквата, неподносливата. Двете се расфрлаат со совети: „Не и верувај, ќе ти забие нож во грб!“

И додека вие сте само нем сведок на оваа дегутантна ситуација, секоја од нив од петни жили се обидува да влијае на вашето мислење за другата, но не може затоа што вие веќе одамна здраворазумски сте формирале комплетна слика за секоја од нив. Можеби сте неми, но во вашата глава за миг се преплетуваат анализи и пресметки како ниту една од нив не е човек од доверба и дека треба да ги имате како познанички, но не и како пријателки на кои би се пожалиле за сериозни животни прашања или би довериле информации од интимата.

Ова особено се потврдува со фактот што еден ден сеат омраза кон другата, наредниот пијат кафе заедно, па потоа сето тоа одново. Како може една возрасна единка толку брзо и лесно да го менува мислењето и ставот?

Па јас ако не сакам некого, тоа се гледа во расположението кога ќе го сретнам, се чувствува во погледот и се мери во рамнодушноста на зборовите искажани со него и за него. И тие чувства се такви какви што се и ќе останат такви засекогаш освен ако таа личност не ги преврти небото и земјата и докаже дека е вредна за сакање.

Исто така и спротивното, ако некого сакам, тоа нема да се промени на неговата прва грешка, на неговото прво запоставување, на неговото прво потфрлање. Ќе ја сакам таа личност таква каква што е, со сите маани и доблести, со разбирањето дека сите сме луѓе и грешиме. Нема на најмалото разочарување од нејзина страна да одам по луѓе и да ја оцрнувам со најпогрдни зборови.

А овие двеве другарки, што толку многу се сакаат и мразат едновремено, ќе ги оставам малку насамо затоа што можеби токму тоа е тајната на нивното пријателство – двете се направени од ист ков и совршени си се една за друга. Имаат ист долг јазик, иста доза лицемерност, иста потреба во својот живот од луѓе што не ги сакаат вистински.

Епа на здравје нека им е и ова кафе и утрешниот трач и сѐ што ќе си приредат една на друга до крајот на животот, упс до следното разочарување.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg