Жените се супериорни суштества, бидејќи се во суштината на сè околу нас
Д-р Бранимир Несторовиќ е еден од најпознатите српски доктори за деца. Како пулмолог и алерголог досега излечил илјадници дечиња во текот на неговата успешна кариера, но неговата мудрост и согледување кое се однесува на жените VS. мажите е подеднакво непроценливо.
Еве што изјави познатиот доктор во врска со оваа тема:
„Женскиот принцип е принцип кој се заснова на нормалност и семејство. Мажите припаѓаат на култот на идејата. Тие заради идејата се подготвени за бомбардираат градови или да градат мостови.
Жените не функционираат на тој начин, бидејќи тие создаваат сопствени кругови и односи. Машкиот мозок е квалитативен - тој реагира согласно приоритетите и ги решава работите од најкрупните до најситните.
За жената сè е со поеднаква важност. Тие му кажуваат на мозокот дека сите тие работи се како поени, а секое внимание, секој еден гест претставува дополнителен поен. Притоа, воопшто не е важно за каков и колкав гест станува збор.
Без разлика дали се работи за купување стан или подарување роза, тоа е еден поен. Жените се супериорни суштества бидејќи се во суштината на сè. Тие бираат за кого ќе се омажат, а кажуваат дека се мажат за успешни мажи не толку поради себе, колку за да им обезбедат успешен и квалитетен татко на своите деца. На тој начин тие создаваат континуитет.
Најголемиот проблем кој го создава недоразбирањето помеѓу мажите и жените - тие мислат дека е многу важно како изгледаат, а тоа е потполно неважно, бидејќи мажите целиот живот се во потрага по својата друга половина, душа која ќе ја препознаат како дел од својата, при што е целосно неважно какво тело носи таа“.
На крајот, познатиот доктор завршува со неговите мисли околу тоа што значи да се биде човек:
„Додека човекот работи и функционира, околу него постојано има луѓе кои го ценат, а можеби и го сакаат, но суштински зависат од него. Тоа не е вистинска емоција, ниту мерило за неговата вредност. Вредноста на еден човек се мери според бројот на луѓе кои се сеќаваат на него. Најважно е колкава трага ќе оставиш врз другите луѓе.
Исто како што јас во себе носам луѓе кои одамна ги нема меѓу живите, но многу ми значеле затоа што го препознале квалитетот во мене и ми помогнале, на истиот тој начин се трудам и во другите да го препознаам квалитетот и да им помогнам. Воопшто не е безначајно да продолжиш да живееш преку некој друг човек“.
Се согласувате ли со д-р Несторовиќ?
(O)Милена | Црнобело