12 работи кои не треба да им ги кажувате на жените без деца
Ако во своето опкружување имате жена, особено со возраст над 30 години, која нема родено дете, а не планира да роди во блиска иднина, постојат неколку работи кои треба да си ги задржите за себе.
Секој си има право на свое мислење, но не мора сé да се каже гласно. Вие не ги знаете причините зошто таа жена нема дете и не е културно да давате коментари на таа тема.
Еве неколку реченици кои ниедна жена без деца не сака да си слушне:
1. Тоа ти е многу лоша одлука.
2. Мојот живот започна со раѓањето на првото дете.
3. Ќе се предомислиш кога ќе го запознаеш вистинскиот.
4. Пропушташ нешто најубаво и најдобро во животот.
5. Штета. Ќе се каеш.
6. Што ќе ти е толкав стан ако немаш деца?
7. Само мислиш дека не сакаш деца, ама кога ќе ги добиеш, ќе се предомислиш.
8. Само со дете можеш да дознаеш што значи вистинска љубов.
9. Сите пријателки родија, ти што чекаш? Принцот на бел коњ?
10. Кога ќе имаш дете, ќе сфатиш.
11. Не ти е страв дека ќе те остави ако не сакаш деца?
12. Уморна? Ти немаш поим што значи да си уморна.
М. В. | Црнобело