Каде се сокрила лажицата?
Ристе ја викнал мајка си на ручек. За време на ручекот таа забележала дека неговиот цимер – Перо, е многу згоден и мускулест.
Таа веќе подолго време се сомневала дека тие двајца се нешто повеќе од цимери, па го запрашала Ристе дали е во право.
Ристе ја уверувал мајка си дека се само цимери и ништо повеќе од тоа.
Една недела подоцна Перо го прашува Ристе:
- Дали си ја видел некаде убавата лажица за супа? Ја нема од кога мајка ти ни беше на ручек. Веројатно не ја земала она?
Ристе не се сомневал воопшто, но сепак и пратил мејл на мајка си:
- Драга мамо, не велам дека ти си ја “зела“ или дека “не си ја земала“ лажицата за супа, но за чудо од кога беше кај нас на гости, нигде ја нема! Поздрав, Ристе.
Неколку дена подоцна стигнува одговорот од мајката:
- Драг синко, јас не велам дека ти “спиеш“ или дека “не спиеш“ со Перо, но за чудо, ако Перо спиеше во својот кревет веќе одамна ќе ја најдеше лажицата за супа!