Шеги за мажите (2)
За сите наши читателки од понежниот пол – уште неколку интересни шеги и факти за мажите.
Одберете си фаворит и слободно можете да додате ако се сетите на уште некој факт кој го нема овде.
1. Немој да се занесувате дека може да смените нешто кај мажите. Освен ако не носи пелени.
2. Што да направите кога маж ќе ви ја тресне вратата од надворешна страна? Заклучете си од внатре.
3. Ако веќе еден маж испратиле на Месечината, требале да ги испратат сите!
4. Немој да допуштиш мислите на твојот маж да лутаат. Премали се за да бидат сами надвор.
5. Секогаш избери си помлад маж. И онака никогаш не созреваат!
6. Сите мажи се исти – имаат различни ликови само за да можеме да ги распознаваме.
7. Дефиниција за неженет маж: маж кој пропуштил прилика да зафркне некоја жена.
8. Не е вистина дека жените прават кретени од мажите. Најголем број мажи тргнуваат со мотото – “Направи сам“
9. Единствен начин да наведеш маж да направи нешто е да му кажеш дека е престар за да го направи тоа.
10. Љубовта е слепа, но бракот е искуство кое ги отвора очите.
11. Ако баш сакаш маж кој ќе биде врзан за тебе, побарај го во болница за душевни болести.
12. Синовите на Израел лутале низ пустината 40 години...Ете, и во древните времиња на мажите им било испод чест да прашаат за патот.
13. Запомнете дека смислата за хумор не значи да си кажувате шеги со него, туку да се смеете на неговите вицеви.