Целосно обновување: Како еден животен трик може да ви промени сè?
Погледнете го вашиот живот токму во овој момент. Дали чувствувате како нешто да ви недостасува? Можеби не можете да најдете мотивација да ги направите правилните избори?
Одговорот на овој тип на анксиозност, всушност, лежи во најздодевните и вообичаени работи кои ги правите секојдневно.
Сè е во тоа како се соочувате со секојдневната рутина.
Едно едноставно решение
Додека студирав мојата соба беше целосен хаос, па и мојот живот. Бев депресивна повеќе од често. Не се грижев за работите околу мене и така хаосот однадвор полека да се покажува и во хаос однатре.
Еден ден решив дека не треба повеќе да го трпам хаосот и започнав да работам на тоа. Прво започнав со мојата соба. Одлуката беше спонтана, но ме натера да започнам нов лист хартија во мојот живот.
Ме натера да сфатам дека му недостасува јасност на мојот живот.
Сосема логично, кога ги менуваме навиките, носиме целосно нов ред во нашиот живот.
Како обичните навики преминуваат на сите полиња во животот?
Од секојдневната рутина, новиот однос кон животот започнува да се префрла и на работата, на храната која ја јадете, па дури и расположението.
Навиката да живеам во средена соба ме натера да живеам поздраво, да заборавам на луѓето кои беа токсични за мене, да заборавам на факултетот кој го презирав и започнав нов пасус во животот.
Како да преземете акција?
Погледнете го вашиот живот како неуредна соба.
Што треба да промените? Што треба да исфрлите? Каде треба да се избрише прашина?
Ова често помага да се соочите со работите кои ве кочат и често ве прават доволно депресивни да се откажете од било каква позитивна промена во животот.
Чекор нанапред
Следно е да го преземете првиот чекор и да започнете со чистење на вашиот живот однадвор и однатре.
Направете листа која ќе ви помогне да сфатите што треба да промените и кои пречки треба да ги надминете за да бидете среќни.
Обидете се да најдете можни решенија на секој проблем.
А, потоа, следи акција...
Н. Г. | Црнобело